Anonimen во 13:33
на тема Ниска Плацена
Моите зборови ги чу една акушерка. Таа не ме смири дека нема да боли, туку рече: “За време на раѓањето болката е сосема поинаква, таа е конструктивна”
Тогаш не разбрав што значи тоа. Сега, по раѓањето, ја опишувам како болка за време на работа, на која не и обрнуваш внимание, бидејќи си концентриран на работата. Знаеш дека таа болка е за добро и претходно се подготвуваш да ја примиш и управуваш. При исеченица чувствуваш самосожалување, бидејќи не си била подготвена за толку силни болки.
Конструктивната болка може да се претвори во одличен советник, ако умееш да ги разбираш нејзините сигнали. Основната функција на таа болка е да ти покаже што треба да правиш, за породувањето да помине со лесно. Еден час по раѓањето на бебето, веќе не се сеќаваш дека си имала болки.
Секогаш ли одат под рака болката и раѓањето?
Како настанала претставата за болните породувања?
Книгите и филмовите имаат огромно влијание врз јавната свест. Ако авторот сака да ги заинтересира читателите, опишувајќи го породувањето на главната хероина, тој претставува епизоди преполни со драматизам, страдања и маки.
Во 50–те години на XX век англискиот акушер Грентли Дик-Рид по долгогодишната пракса во Англија и Африка си го поставил прашањето:”Зошто претставничките на некои култури раѓаат лесно, а други со судни маки?” Во својата книга “Раѓање без страв” тој прв ја следи врската меѓу стравот од болката и самата болка. Тој пишува:”Стравот од болката провоцира напрегање на мускулите од матката, ја зголемува напнатоста и се јавува силна болка”. Таков исход се забележува во многу други ситуации, на пример: чувствуваме потреба да посетиме тоалет, но ја немаме таа можност. Не се осмелуваме да ги опуштиме мускулите што го држат сфинктерот затворен и продолжуваме да чувствуваме болка, често многу остра, додека не ни се даде можност да го испразниме мочниот меур. Природните контракции не треба да создадат никакви болни чувства, ако не се придружени од страв и тензии.
Се што предиспонира опуштање на телото и мир, го стимулира создавањето на ендорфин (хормон на радоста), кој е природен аналгетик. Постојат најмалку седум типови на ендорфин и секој од нив нема помала сила од влијанието на инјекција морфиум.
Значи организмот на жената може сам да произведува лекови против болка. Но механизмот на одделување на ендорфин е многу кревок и зависи од вкупната емоционална состојба на родилката. Загриженоста може да го спречи лачењето на овој природен аналгетик.
Од каде доаѓа болката?
Физиолошката смисла на секоја болка е една: таа му дава знаци на организмот за кршење на природните процеси. Самото раѓање не е нешто деструктивно за организмот на мајката, тоа е сосема природен процес. Мускулите на матката имаат малку рецептори за болка. Најчесто болката се јавува во мускулите околу матката и се локализира ниско долу во стомакот, или во областа на крстот. Вистинската причина за породилните болки е мускулната напнатост, што им пречи на нормалните физиолошки промени кои се случуваат кај жената за време на раѓањето. Стравот од раѓањето и загриженоста, ја зголемуваат мускулната тензија, жената дава отпор на отворањето на грлото на матката и движењето на детето, а во исто време матката со сите сили го турка детето надвор. Мајката најчесто, понесена од болката, сама ги затвора вратите на детето кое се раѓа.
Покрај тоа, стравот и напнатоста водат до одвојување на катехоламини (хормони на стравот). Под нивно влијание крвта од матката се фокусира во рацете и нозете, бидејќи стравот и напнатоста го подготвуваат телото за бегство. На овој начин се нарушува нормалниот доток на кислород до матката. Недостатокот на кислород може да е резултат на неправилно дишење бидејќи до мускулите не стигнуваат потребните ресурси и настанува болка.
Распространето е мислењето дека сите луѓе имаат различен праг на толеранција на болката. Она што за едни е лесна непријатност, за други е неиздржлива болка. Покрај тоа перцепцијата на болка може да се разликува од ситуација во ситуација: Забоболката во текот на ноќта е неподнослива, но ако гледаме интересен филм станува скоро незабележлива. Стресот и загриженоста ја засилуваат перцепцијата.
Што да правам?
Стравот од болката не тера да се напрегаме предвреме, што доведува до настанување на болка. Силната болка не плаши уште повеќе, тензиите се зголемуваат, болката се засилува итн. Што да правиме? Треба да го раскинеме овој синџир, да одделиме барем една алка од него.
Ако Ве боли, не треба да трпите превиткувајќи се со стиснати заби. Движете се, ориентирајте се според своите чувства. Не паничете и не и се спротивставувајте на болката, туку обидете се да си напомнете зошто Ве боли. Можеби не се опуштате доволно, можеби се плашите, дишите неправилно и така го нарушувате дотокот на кислород во мускулите на матката.
За време на породувањето префрлете го вниманието од своите непријатни чувства, на чувствата за бебето. Раѓањето има многу посилно и поважно значење за бебето, отколку за мајката. Жената го разбира процесот на раѓање и може свесно да влијае на него, додека бебето не знае што се случува и е многу ранливо во овој момент.
Подготвувајте се за породувањето, пречекајте го без страв и запомнете дека тоа е многу силен емотивен момент кој, со правилен пристап, може да стане најубавиот момент во Вашиот живот.
Совети:
- Не слушајте кошмарни раскази. Подобро побарајте литература за безболно породување.
- Не се приготвувајте за фактот дека страшно ќе Ве боли. Подгответе се да ги надминете чувствата на неспокој.
- Научете се да го опуштите телото и да ги отстраните лошите и загрижувачки мисли.
- За да го намалите неспокојот потрудете се предвреме да ја посетите породилната сала и да се запознаете со лекарот кој ќе присуствува на породувањето.
- Мислете на бебето. Помагајте му да се движи напред. Во овој момент обидете се да се убедите дека Ве чекаат незаборавни моменти со Вашето бебе.
- Замислете дека сте цвет кој расцветува. Ова ќе Ви помогне да не се спротивставувате на природниот процес..
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Највисоко ниво на хигиена за вашето семејство и дом
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално ...
Кејт Мидлтон објави дека има канцер
Принцезата од Велс (42) храбро објави дека се бори со болеста и оди на...
Детскиот хирург Симеонов доби син
Трето, па машко. Добредојде Миха. Ти ќе бидеш нашиот херој, напиша поз...
Кој стои зад успешноста на Shea Homemade?
Зад успешноста на Shea Homemade стоиме јас, мојата сестра и мојата мај...
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за...
Што да дознаете.
пеперутка16
Кога би носеле тројки, што би направиле?