Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
- Доколку сакате Вашата бременост да биде Ваша приватна работа, избегнувајте дружење со радознали личности. Ако со таква личност одите на вечера и на пример кажете дека не сакате вино, таа веднаш ќе сака да знае дали сте бремена. И секако, ќе Ве праша на цел глас.
- Во весниците постојано наидувате на текстови за некоја позната личност која треба да се породи кога и Вие. Најмногу ќе се изнервирате кога две седмици по породувањето ќе ја видите во весник или списание, во бикини.
- Жените кои веќе имаат деца постојано велат “Се е во ред!”. Тие само сакаат да се опуштите и 9 месеци да не се грижите за ништо. Ќе инсистираат на тоа дека не пречи ако се напиете пиво, бидејќи и тие пиеле во бременоста.
- Секако, сите ќе сакаат да Ви го допрат стомакот, посебно во поодминатите месеци, без оглед на тоа дали Ви се блиски пријатели, или не Ви го знаат ниту името.
- “Лелеее, знаеш што и се случи на една моја пријателка додека беше бремена?” и тогаш ќе Ви ја раскажат најстрашната приказна која сте ја слушнале во животот.
- “Колку килограми доби? Колку години имаш? Колку долго се обидувавте за дете? Планираш да доиш?”
Прашање кое најмногу ја нервира секоја трудница е “Носиш близнаци?” Секоја трудница кога ќе го слушне ова прво помислува на тоа дека ставила многу килограми, без оглед на тоа дали некој сака да се пошегува со неа.
Драги идни мајки, уживајте во својата бременост и трудете се да не реагирате на вакви ситуации.
8
6
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Храна што може да помогне при висок крвен притисок
Високиот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби и ва...
Најважни здрави навики што децата треба да ги усвојат
Здравите навики што децата ги усвојуваат во најраната возраст можат да...
Како да ги заштитите облеката, храната и домот од молци
Молците можеби изгледаат безопасно, но нивните ларви можат да направат...
Зошто е важно да бидеме дарежливи?
Дарежливоста е многу повеќе од подарување пари или материјални работи....
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...