Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Тестот за идни родители се состои во неколку чекори кои морате да ги следите, а според резултатите на тестирањето ќе видите дали сте подготвени да бидете родители и од што се состои родителството.
Тест – подготовка
Идните родители треба да посетат пар кој има деца и со нив да разговараат за методите на воведување дисциплина, недостаток на трпение, како и казните и наградите со чија помош ги воспитуваат децата. Предложете им начини на кои можат да ги подобрат навиките за спиење на нивното дете, користење на WC школка и добро однесување на семејната трпеза. Набљудувајте ја нивната реакција и уживајте во својата надмоќ, бидејќи тоа ќе Ви биде последен пат во животот да се чувствувате како да имате одговор на сите прашања поврзани со одгледувањето на децата.
Ноќен тест
За да откриете како родителите на мали деца се чувствуваат во текот на ноќта, станете во 3 часот наутро и до 8 часот шетајте низ дневната соба носејќи отприлика 4-6 килограми во раце, со вклучено радио на станица која имитира неугодни звуци. Во 8 наутро легнете и направете аларм во 11 часот. Станете и повторно шетајте со товарот од 4-6 кгр. во следните 2 часа. Вратете се во кревет и направете аларм за 4 часа. Бидејќи нема да можете повторно да заспиете направете си кафе и расчистете низ дома. Преморени заспијте на каучот во 18 часот. Повторувајте ја истата постапка една година. Изгледајте среќно и весело и притоа бидете трпеливи во односот кон детето.
Тест: Облекување
Купете жив октопод и мрежеста вреќа. Обидете се да го ставите во вреќата така што ниеден крак да не излегува, за време од 5 минути. Вежбајте неколку пати на ден.
Тест: Возење со автомобил
Прв чекор е да го продадете својот спортски автомобил со две врати и да купите караван. Наполнете го багажникот и задното седиште со детски играчки, пелени, седиште за во автомобил и детска количка. Купете сладолед од чоколадо и ставете го на местото каде Ви стојат исправите. Земете паричка и ставете ја во ЦД плеерот.
Тест: Прошетка
Облечете се. Излезете. Вратете се. Повторно излезете надвор. Вратете се по нешто што сте заборавиле. Повторно излезете. Шетајте полека по улица пет минути. Застанете и одговорете на прашање за секоја гума за џвакање на асфалтот, валкано марамче или мртов инсект. Врескајте на улица, откажете се од шетање и вратете се дома.
Тест: Разговор
Пет пати повторете иста работа, со различна интонација и гласност.
Тест: Шопинг
Отидете во обиколка на неколку продавници. Со себе носете го партнерот кој ќе глуми претшколско дете. Нека застане покрај секоја полица, задолжително нека го допре секој артикал и нека рече – купи ми го ова! Купете се' што Ви треба без да го испуштите од вид додека трча околу полиците. Платете се' што ќе изеде или уништи.
Тест: Хранење
Издлабете диња. Направете мал отвор отстрана. Обесете ја дињата така што постојано ќе се ниша. Обидете се со мало лажиче да го погодите отворот и во него да влезе лажичето.
Тест: Неред
Земете малку растопено чоколадо или мармалад и размачкајте го по каучот. Сокријте парче од варено јајце зад плакарот и оставете го таму неколку месеци. Ставете ги прстите во саксија со земја и исчистете ги триејќи ги од ѕидовите. Испразнете ја секоја фиока и расфрлете ги работите на сред соба. Потоа исчистете и не губете ги нервите.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Време е да замрзнете малини и капини за вашето бебе
Летото е период кога пазарите се преполни со свежо, ароматично овошје....
Најчести проблеми во бракот кои водат до развод
Бракот е заедница која бара постојана грижа, разбирање и вложување од ...
Родителството значи постојана подготвеност, особено кога се работи за ...
Колагенот последните години стана еден од најпопуларните додатоци во и...
Бременоста е едно од највозбудливите, но и најделикатните животни пату...
Доење.
Admin
Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?