Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
При правењето на крвна слика може да се избере што точно сакаме да провериме или да направиме општа анализа на параметрите кои се сметаат за позначајни како што се: гликемија, хемоглобин, железо, седиментација, еритроцити и сл. Во првата тема од оваа рубрика ќе пробаме да ги објасниме основните елементи кои се проверуваат при правењето на општа крвна анализа, референтни вредности и можните проблеми при нивно покачување или намалување.
Пред да почнеме со објаснувања, важно е да нагласиме дека сите референтни вредности се земени како општи, односно тие во зависност од лабораторијата можат да варираат. Сите објаснувања на резултатите, од оваа рубрика имаат исклучиво информативен карактер, не смеете да ги користите во замена за лекарски совети или да креирате сопствени дијагнози.
Еритроцити ( RBC )
Еритроцитите претставуваат црвени крвни клетки во состав на крвта. Овие клетки се многу значајни бидејќи содржат хемоглобин, кој е важен за врзување на кислородот и јаглеродниот диоксид.
- Референтни вредности за жени: од 3,86 x 10 на 12/l до 5,08 x 10 на 12/l
- Референтни вредности за мажи: од 4,34 x 10 на 12/l до 5,72 x 10 на 12/l
Зголемен број на еритроцити може да се должи на: полицитемија, дехидратација, болести кои предизвикуваат зголемено производство на еритроцити.
Намален број на еритроцити може да се должи на: анемии предизвикани од разни причини, но може да биде знак за губење на крвта некаде во организамот.
Леукоцити ( WBC )
Леукоцитите имаат одбрамбена улога во организамот. Тие се создаваат во коскената срцевина, а го штитат организамот од различни инфекции.
Референтни вредности: oд 4 до 10 x 10 на 9/l
Зголемен број на леукоцити може да се должи на бактериски инфекции.
Намален број на леукоцити може да се должи на: вирусно заболување, земање на специјална терапија (како хемо или радио терапија)
Тромбоцити ( PLT )
Тромбоцитите се клетки кои учествуваат во коагулацијата на крвта. Нивното зголемување или намалување директно влијае на способноста за коагулација на крвта.
Референтни вредности: од 140 до 450 x 10 на 9/l.
Зголемен број на тромбоцити може да предизвика: зголемена густина на крвта и појава на тромби(грутки) во кардио-васкуларниот систем.
Намален број на тромбоцити може да се должи на : примање на хемотерапија како и терапија против други специфични заболубања, а може да резултира и со проблеми при запирање на крварењето.
Седиментација
Седиментацијата претставува брзината на крвните клетки со кои тие се издвојуваат од серумот.
Забрзана седиментација се јавува кај воспаленија , труења, пред и после бременост, заболувања на црниот дроб, тумори, акутен миокарден инфаркт и др.
Намалена седиментација се јавува кај некои видови анемија, полицитемија, алергиски реакции и сл.
Референтни вредности: 2-12 mm/h
Хемоглобин ( HCT )
Како што веќе спомнавме, хемоглобинот е протеинска материја која се содржи во еритроцитите. Неговата улога е да го врзе кислородот од белите дробови за да го пренесе до клетките од целото тело, а јаглеродниот диоксид да го врзе од клетките на телото за да го врати назад до белите дробови.
Референтни вредности: од 110 до 180 g/l
Намалено количество на хемоглобинот укажува на анемија (слабокрвност). За да се дијагностицира анемичност се проверува и количината на железо и бројот на еритроцити во крвта.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.