Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Да се стане мајка е искуство кое во потполност го менува Вашиот живот и отвора едно ново поглавје. Дали сте забележале дека мајчинството влијае на односот со Вашите долгогодишни пријателки? Еве како тоа успешно да го избалансирате...
Љубоморна пријателка
Таа вели: “Ќе раѓаш?! Тоа е....хммм...супер!”
Значи, едвај го сподели со Вас ентузијазмот заради среќната вест и не покажува ни ронка воодушевување заради тоа што ќе станете мајка. Во овој случај психолозите советуваат да се обидете да ја согледате новонастанатата ситуација од нејзина перспектива. Постои можност да се плаши дека бебето ќе го окупира сето Ваше време и нема да имате време за неа. Од друга страна постои можност за љубомора бидејќи го нема она што го имате Вие. Бидете нежни и трпеливи со неа и дајте и време да се навикне на новоста. Ако сте и важни Вие и Вашето пријателство, набрзо се ќе дојде на свое место и ќе биде среќна заради Вас.
Помалку верна пријателка
Таа вели: “Извини, ми излезе нешто непредвидено!”
Претходно заедно одевте во шопинг и пиевте кафе, а откако имате бебе, Вашата пријателка постојано ги откажува договорите, иако се' свртивте наопаку за да се видите со неа. Тоа навистина може да биде фрустрирачки, бидејќи навистина не е лесно да имате мало бебе и да организирате квалитетно дружење, па затоа не си дозволувајте да се повтори сценариото со откажување на договорот. На љубезен начин кажете и дека сакате да се дружите со неа, но не можете својот живот и логистика постојано да ги прилагодувате на нејзините откажувања.
Пријателка со големи барања
Таа вели: “Никогаш немаш време за мене...”
Споредбата меѓу периодот откако станавте мајка и животот пред да дојде бебето значи голем недостаток на време, заради што многу пријателки ќе бидат огорчени. Објаснете им на своите пријателки дека ритамот кој го наметнува новороденчето нема да трае вечно, бидејќи бебињата растат. Викнете ги пријателките дома на кафе и колачиња и додека бебето спие, направете една трач-партија.
Пријателка – шефица
Таа вели: “Не, не, тоа треба да го направиш вака...”
Едвај дочека да и се придружите во клубот на новопечени мајки и оттогаш без престан Ви дели совети, иако тоа никогаш не сте го побарале од неа. Добро, таа секогаш Ви посакува најдобро и заблагодарете и се за тоа, но ако претера со шефувањето кажете и дека ја почитувате нејзината помош, но некои одлуки сакате да ги донесете сами.
Бидејќи мајката најдобро знае за своето дете! Запомнете го тоа!
5
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?