Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: Tajci_pp
Датум на породување: 11.10.2014
Тип на породување: природно
Болница: ГАК
После долга борба кој траеше цели 7 години со три спонтани абортуси, една вонматерична бременост , хистероскопија на матката, три лапараскопии и краен резултат еден одстранет и еден запушен канал крајно решение беше ИН ВИТРО. Го направивме и тоа, но за жал беше неуспешно после што му реков на сопругот дека навистина ми треба одмор и дека повеќе нема да можам да издржам во борбата. Тој се согласи да паузираме и одмориме една година па потоа да продолжиме и да собираме документи за следно ИН ВИТРО. И така беше, се опуштивме и пролетта веќе почнавме да го планираме летниот одмор, гледавме аранжмани за на море. Но и оваа година не ни беше судено да отидеме на одмор. Мојот редовен циклус тој месец март беше многу чуден, но ајде си реков сигурно е од стимулациите што ги примав при ИВФ постапката. На 4 април прокрварив и тоа само вечерта и сабајлето веке немав ништо. Веќе знаев дека нешто се случува, бидејки циклусот ми е доста редовен. По една недела направив тест кој во секундата блесна со две црти . Следниот ден отидовме прво кај матичната, бидејќи стравувавме од повторна вонматерична бременост. Ме виде на ехо и бевме пресрекни бев 6,5 недели бремена, имаше еден плод со срцева акција и уште два за кои докторката ми рече дека се фатиле но не продолжиле да се развиваат и затоа сум крварела. Не знаете колкава беше нашата радост, во тие моменти бевме пресреќни.
Бременоста се одвиваше без никакви проблеми, беше следена и контролирана бременост со сите направени испитувања и скрининзи и ништо не укажуваше дека ќе се случи нешто непредвидено. Одев до последниот момент на работа, се движев колку што можев. Така беше и тој петок, 10 октомври кога во Прилеп вечерта имаше огномет по повод празникот 11 октомври. Мене од нигде никаде ми пукна водењакот во 34 недела и тука почна целата агонија. Мојот сопруг итно ме однесе во болница, а докторката што ме прими рече да те прегледам и ако има време ќе те пратам итно за Скопје, ако не ќе те породим овде па бебето ќе го пратиме во Скопје. За среќа бев отворена само два прсти и немав болки. Ме подготвија набрзина, ми ставија инфузија и за два часа веќе бевме во Скопје.
Таму не пречека докторот кој ми ја водеше бременоста и кој за среќа бил дежурен таа вечер. Ме примија, ме прегледаа и беше истата состојба - само два прсти отворена, а јас бев преплашена и го молев цело време докторот да ми го спаси бебето. Ми кажада не се секирам, да не плачам, да бидам смирена и да мирувам 48 часа, додека да го узреат бебето, а потоа ќе следи породувањето. Ме сместија на патолошка, ми ставија инфузија и го почнаа зреењето на бебето. На секои 12 часа ми ставаа инјекции за зреење на белите дробови на бебето и нон стоп ми правеа ЦТГ и за среќа тие 48 часа бебето беше мирно. Го молев Господ да издржиме и да биде се во ред со бебето. На секое ЦТГ се радував кога ќе ги слушнев тоновите на бебето. Како да ме послуша и по 48 часа добив болки. Беше 2 часот по полноќ кога ја разбудив сестрата, бидејќи повеке неможев да ги издржам болките, а таа ми рече дека треба до утредента да ми ги смируваат болките. Го викна докторот, ме прегледа и повторно бев само два прста отворена. Но кога ме ставија на ЦТГ веднаш ме однесоа во предпородилна сала. Повторно ме ставија на ЦТГ со силни болки и само слушав како се губат тоновите на бебето. Повторно ми ставија провокации, ме префрлија на бокс и во 05:40 го донесов на свет моето малечко душиче кое тежеше 1790 гр. Само ми ја покажаа и веднаш ја однесоа на интензивна нега.
Моите маки не завршија тука, бидејќи се појави проблем со постелката која никако не излегуваше. Ме притискаа, ме стегаа за стомакот, но откако видоа дека немам сила ме успаа ја извадија и кога се освестив се завршуваше со шиењето. Повеќе не се грижев за себе, паметот ми беше само во неа како е, дали е добра, дали ќе дише и како ќе биде . Сите рани зараснаа но оваа во душата се уште ме боли и ќе ме боли се додека не ја земеме дома, се додека не ја гушнам и не ја помирисам. Сега одам на ГАК и ја гледам само преку стакло, но се надевам набрзо ќе дојде и тој ден кога ке си ја земеме дома.
Рингераја и посакува брзо враќање во прегратките на мама и среќно детство на ќерќичката на Tajci_pp!
Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се у...
Ви недостасува ли телото што го имавте порано?
Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хра...
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?