|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Страв од одвојување кај децата

Редакција Рингераја, 1.9.2014
Позната ви е оваа слика? Вие сте пред вратите од градинката со своето дете а тоа плаче, ве фаќа околу половината, не ве остава да заминете. Вам ви се стега срцето, но ја голтнувате кнедлата и го оставате детето во градинка. Познато?

image
/11


 

А кога ќе го оставите во градинка со воспитувачките, ви се јавуваат по неколку часа, бидејќи вашето дете одбива да јаде, да пие или да спие. По неколку поминати часови во градинка детето ви раскажува дека не му било убаво и ви го поставува познатото прашање: Може ли утре да останам дома?

Отприлика вака изгледаат тешките месеци на адаптација во градинка или училиште. првите неколку недели, па дури и месеци, можат да бидат исклучително тешки за децата, родителите, воспитувачите, учителите...

 

Што е сепарациска анксиозност?

Сликата која погоре ја опишавме се нарекува сепарациска анксиозност и означува страв од напуштање на децата од блиските. Тој страв станува најочигледен со тргнувањето во градинка, кога најчесто почнува прво секојдневно и повеќечасовно одвојување на родителите од децата и поминување на времето во друг простор. Понекогаш сепарациската анксиозност се појавува и при тргнување во прво одделение.

Одреден степен на незадоволство при одвојувањето е нормален и кај децата и кај родителите. Децата кои ќе се загрижат и вознемират кога родителот заминува, а весело ќе му притрчаат во прегратка кога ќе се врати, го развиле она што во психологијата се нарекува сигурна поврзаност.

 

Како да го подготвите детето на одвојување?

Вежбајте дома. На детето ќе му биде поедноставно да се навикне на отсуство на родителите, ако тоа иницира разделување. Ако детето отиде в друга соба, почекајте неколку минути пред да појдете по него. Кога одите вие во друга соба, кажете му на детето кога ќе се вратите. Така детето ќе научи дека иако заминувате, секогаш се враќате по него.

Разговарајте за градинката или училиштето. Кажете му што се прави таму, со кого ќе го поминува времето и опишете му детално се што го интересира. Поттикнете го да ве прашува што повеќе и никогап немојте да го заплашувате со градинката.

Дајте му на детето време да се навикне. Некои градинки дозволуваат во почетната фаза на адаптација родителот да биде тука првите неколку часа. Искотистете ја таа можност, ако постои.

Секогаш поздравете се. Кога го оставате детето во градинка, задолжително кажете му каде одите и кога ќе се вратите по него. Можете да измислите и некој ритуал на поздравување, но нека биде краток. Кога ќе заминете од градинката, не враќајте се.

 

Како да си помогнете себеси и на детето?

За почеток, помогнете си себеси. Како што на стјуардесите во авионот им кажуваат прво да стават маска на своето лице, а потоа да им помагаат на луѓето, слично важи и за животните кризи. Кога ќе останете сами, со партнерот или со некоја друга блиска личност, поразговарајте за тоа колку ви е тешко да го оставите детето и признате дека не ви е лесно да се прилагодите на новата ситуација. Дозволете си да бидете и тажни заради тоа. Дури откако ќе се погрижите за себе, ќе може да се грижите и за другите.

Слушајте ги и почитувајте ги детските чувства. Обидете се да разберете што му е тешко. Дозволете му да зборува за тоа, а вие слушајте го. Само слушањето е многу лековито.

Останете доследни и почитувајте ги чувствата на децата.  Ако детето плаче немојте да му кажете дека нема од што да се плаши и да биде тажно. Кажете му дека знаете зошто е тажно, но дека мора да оди во градинка, бидејќи мама и тато мораат да одат на работа.

Понудете избор. Ако постои нешто што детето може да избере, дозволете му. Тоа може да биде облека за во градинка, играчка, храна или нешто слично.

Дозволете му да носи играчка или предмет за кој е врзано. Често помага кога децата носат мече, кукла, сликовница, автомобил кој најмногу го сакаат, бидејќи тоа им дава чувство на сигурност.

 

Во случај да ви се чини дека проблемот на сепарациска анксиозност му смета на нормалното функционирање на детето и трае предолго, добро е да се посоветувате со психолог.

И секако запомнете дека детето, поднесувајќи разделби, емоционално расте. Дозволете му го тој раст.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Менување пелени, што да користите и што да...
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за бебето. Иако изгледа едноставно, правилниот избор...
10
Што е сурогат мајка и како функционира про...
Сурогат мајка е жена која ја носи бременоста и го раѓа бебето за друго лице или пар, кои поради медицински или други при...
8
Како бебињата го доживуваат породувањето?
Првите неколку моменти од породувањето се состојба која не се опишува со зборови, како за мајката, така и за бебето. Об...
4
Спиење заедно со мама и тато – потреба или...
Потребата на детето да спие заедно со членови од семејството не е избор, туку е емоционална потреба на детето
4




Анкета

Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16

Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.