Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Многу бебиња се раѓаат со прилично долги нокти на рацете, па се случува да се изгребат по лицето или очите, предизвикувајќи ранички кои лесно можат да се инфицираат. Заради тие причини потребно е скратување на ноктите на бебето.
Ноктите на нозете (иако растат далеку побавно од ноктите на рацете), исто така можат да бидат прилично долги уште од раѓање, но можноста бебето да се повреди е далеку помала. Сепак и тие треба да се скратуваат бидејќи нивните краеви можат да зараснат во кожата.
За да не се случи сето ова, се советува уредно скратување на ноктите, без страв дека нешто лошо може да се случи. Хигиената и безбедноста на Вашето бебе е најважна.
Каков алат Ви е потребен?
Кое е вистинското време за скратување на ноктите?
После бањање! Тогаш ноктите на бебето се далеку помеки и полесни за сечење. Најголема пречка може да биде тоа што бебињата се прилично немирни, што ќе Ви ја отежне работата, па заради тоа родителите често се одлучуваат тоа да го направат додека бебето спие. Тогаш е важно се да се направи многу внимателно за бебето да не се разбуди, бидејќи секое Ваше движење го скокотка бебето.
Постапка
Водете сметка сето тоа да го правите многу внимателно, за да не дојде до незгода. Се' правете крајно нежно!
Погрижете се просторијата во која ги сечете ноктите да биде доволно осветлена, за да гледате колку точно сечете и да ја следите природната линија на ноктите.
- Цврсто но нежно фатете го рачето и прстето на бебето.
- Притиснете го нежно врвот на прстето за да може ноктот јасно да се види
- Со нежни движења наместете ги ножичките меѓу ноктето и прстето.
- Сечете ги ноктите благо заоблено
Скратување на ноктите кај мали деца
- Детето нека Ви седне во крило, на едната или другата нога, во зависност со која рака ќе ги скратувате ноктите.
- Зборувајте му цело време - објаснете што правите и за која намена се ножичките. На тој начин создавате пријатна атмосфера, а детето се чувствува сигурно.
- Поставете ги нозете на детето меѓу Вашите.
- Со едната рака фатете го детето за рака, а со другата внимателно сечете му ги ноктите.
- Можете да му дадете на детето да држи дел од приборот, додека Вие му ги сечете ноктите. Детето ќе биде задоволно што може да помогне.
Ако Вашето дете се плаши од ножичките кога ќе ги приблиите до неговите прсти, свртете му го вниманието на нешто друго. Нека не гледа. Можете да му дадете нешто друго во раце да се занимава се додека не завршите со сечењето.
Ова се само неколку идеи
5
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...