Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Се преладивте и сега имате нагон за често мокрење, ве боли, пече и жари најсилно на крајот на актот на мокрењето. Урината е матна, крвава и непријатно мириса. Чувствувате нелагодност во долниот дел од мевот. Можно е да имате циститис, акутно воспаление на мочниот меур. Циститот е често заболување кај жените. Мочниот меур и мочниот канал кај жените и мажите се различно градени. Мочниот канал кај жените е пократок и е во близина на отворот на вагината и аналниот отвор, кои често содржат бактерии, затоа инфекциите се многу почести.
БАКТЕРИИТЕ се најчести предизвикувачи, но воспаление може да предизвикаат и вируси и габички. Воспаление се јавува и по употреба на урокатетер, зрачна терапија и со токсични агенси и лекарства. Кај жени цистит често се јавува по полов однос, "цистит на меден месец". Микроорганизмите се неопходни за појава на цистит но потребни се и други фактори: застој на урина, конгестија на органите во мала карлица при бременост, менструација, студ, пролапс на матка, повреда, каменчиња, слаби хигиенски услови, интензивна физичка активност, некои облици на контрацепција (дијафрагма, спермициди на кондомите), чести полови односи со различни партнери, намалена влажност на вагината.
ЕШЕРИХИЈА КОЛИ е бактерија која најчесто се среќава кај жени, Протеус кај мажи. Цистит предизвикуваат и Клебсиела, Ентеробактер, Псеудомонас, Кламидија, Трихомонас, Кандида Херпес вирус и Гонокок. Кај дијабетичари предизвикувач често е Кандида.
ДИЈАГНОЗАТА се поставува на основа на клиничката слика, симптомите и наодите, прегледот на урината. Со уринокултура се открива која бактерија е причинител и на кој антибиотик е осетлива. На бацилот на туберкулозата, на Хламидија и Микоплазма се мисли кога постојат симптоми и леукоцити во урината, но уринокултурите се стерилни. НА ПРОМЕНИ ВО УРИНАРНИОТ СИСТЕМ се мисли ако инфекцијата не поминува со терапија или се повторува. Интравенската урографија, ултразвук, цистоскопија може да покажат каменче, везикоуретерален рефлукс-враќање на урина од мочниот меур во мочните канали, хронично воспаление на бубрег или фистула меѓу мочниот меур и вагината или дебелото црево.
УРОАНТИСЕПТИЦИ и АНТИБИОТИЦИ се применуваат во лекувањето. Ефикасно лекувањето се оневозможува ако пациентот за да се ослободи од тегобите сам зема лекови пред да се консултира со лекар и инфекцијата за неколку недели може да се повтори. Не постои посебна исхрана но треба да се зема многу течности, вода, над 3 литри и да се намали внесот на шеќери, ваштачки засладувачи, силно зачнета и пржена храна, газирани пијалоци и оние кои осдржат кофеин, алкохол.
Пишува д-р мед. сци. Маја Милованчева - Поповска, интернист-нефролог
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Децата паѓаат. Тоа е дел од нивниот раст, игра и учење. Од првите обид...
Првата играчка не е само обичен предмет. Таа е првиот мост кон светот ...
Како да ги заштитите коските за време на бременост?
За време на бременоста, телото на жената прави неверојатни прилагодува...
Митови и вистини спиење со бебето во ист кревет
Што треба да знаете пред да ја донесете оваа одлука, со срце, но и со ...
Фризерскиот салон како оаза за бремени жени – еве зошто
Мирисот на шампон, звукот на фенот и тишината на мислите. Понекогаш, т...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: