Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Северина роди машко дете, кое ќе се вика Александар со царски рез во понеделник, 20 февруари во 23:04 часот во KBC Сплит, потврди нејзиниот менаџер Томица Петровиќ за jutarnji.hr. Бебето е тешко 3200 гр. долго е 52 cm. и заедно со мајката се чувствуваат добро. Ја породил проф. др. sc. Tomislav Strinic.
Славната пејачка во вечерните часови почнала да добива болки и иако се чинело како да се работи за лажна узбуна, Северина наскоро завршила со царски рез.
Пред неговото раѓање се зборуваше дека ќе се вика Александар Иван, но родителите се одлучија само за Александар. Иако Северина беше во болница заради мали компликации, се' помина добро и на свет донесе живо и здраво синче.
Да се потсетиме, својот принц на белиот коњ Северина го дочека пред повеќе од година дена. "Кралот на бакарот" и пејачката се запознаа прв пат на неговата роденденска прослава, каде таа пеела и како што подоцна признала, се заљубила во него на прв поглед.
Прво ме огреа сонце затоа што е згоден. Потоа кога сфатив дека знае да свири гитара, дека ги знае сите песни кои ми се драги, а не е музичар, дека знае да управува со авион - а не е професионален пилот, дека знае да кормилари со брод - а не е морнар, бев готова.
Резимирајќи ја изминатата година, без претерување може да се каже дека беше најуспешната година на Северина. Ја пронајде вистинската љубов, доживеа успех на работен план и стана мајка!
ЧЕСТИТКИ за новопечените родители.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...