Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Од зачнување до IV. недела
Доколку имате редовни менструални цилуси, 14- от ден на вашиот циклус, од едниот јајник ќе се одвои зрела јајце клетка. Ако не дојде до оплодување во следните 24 часа, колку што таа живее, заедно со крвта и слузта излегува со следната менструација. Меѓутоа ако сперматозоидот успее да влезе во јајце клетката, доаѓа до оплодување и оплодената јајце клетка оди низ јајцеводот до матката. Јајце клетката во задебелената слузокожа на матката се всадува околу третата недела.
Од V. до VI. недела
Во овој период плодот е долг околу 6 мм и голем колку семка од јаболко. На ембрионот му се развиваат мозок, 'рбет и централен нервен систем. Се забележува системот за варење, вилица и уста, се развиваат желудникот и градниот кош, а се гледа и срцето кое кон крајот на 5. недела почнува да чука. Се формира крвоток и вдлабнатини на главата за очи и уши.
VII недела
Ембрионот е долг околу 1,3 см и голем колку мало зрно од грозје. Главата е голема и наведната кон градите, очите сеуште се затворени, сместени на страна, но се гледа црн пигмент под кожата која ги покрива очите. Рацете и нозете јасно се гледаат со врвови од кои ќе се развијат прстите. Срцето почнува да пумпа крв во телото на ембрионот, се појавуваат линиите на нервниот систем и се развиваат коскени клетки. Ембрионот засега има граден кош, црева, црн дроб, бубрези и внатрешни полови органи, кои сеште не се потполно формирани.
VIII недела
Ембрионот сега може да се нарече фетус, кој е долг околу 2 см и голем колку јагода. Сите внатрешни органи се развиени во едноставен облик. Лицето може да се распознава (врвот на носот, вилиците се споени да обликуваат уста, јазикот). Се создаваат внатрешните делови на увото ( кои се одговорни за рамнотежа и слух), прстите на рацете и нозете подобро се гледаат, како и раменици, лакти, колкови и коленици.
XII недела
Детето е долго околу 5,5 см, а тешко околу 15 гр. Сите внатрешни органи се формирани и повеќето од нив функционираат, очните капаци се формирани и ги прекриваат очите, детето има ушни ресички, формирани се и прстите, мускулите и понатаму се развиваат, па детето може многу повеќе да мрда. Ја отвора и затвора устата и голта од течноста околу себе, а може и да мокри.
XVI недела
Детето е долго 13 см, а тешко 120 гр. Му растат веѓи и трепавици, а по телото има влакненца. Кожата му е тенка па преку неа се гледаат крвните садови. На екстремитетите му се формираат зглобови, почнуваат да се формираат и цврсти коски. Половите органи се созреани па може да се утврди полот кај детето. Се прилагодува и дишењето. Срцето чука некаде 2 пати побрзо од вашето.
Возраст на плодот | Проценета должина* | Проценета тежина* |
V - VI | 6 мм |
|
VII | 1,3 см |
|
VIII | 2 см | 1 гр. |
XII | 5,5 см | 15 гр. |
XVI | 13 см | 120 гр. |
Резултатите се разликуваат од извор до извор поради различни начини на мерење
Ве интересира како расте и се развива плодот, што се случува со трудницата и за што размислува идниот татко? Календарот на бременоста на Рингераја ве води од недела во недела низ бременоста.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Пелени - основни работи за секој родител
Изборот на вистинската пелена и разбирањето како да ги користите и да ...
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Враќање на работа по породилното отсуство.
Admin
Со какви предизвици се соочувате кога се враќате на работа по породилното отсуство?