Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Станува збор за трајно млеко со масленост од 2,8% кое ги содржи 10-те најзначајни витамини за правилен раст и развој на децата: А, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Д3 и Е витамин.
„Ако за некоја храна може да се каже дека се приближува до идеална односно дека ги содржи сите неопходни состојки за задоволување на потребите на организмот, тоа може да се рече само за млекото. Пристапивме кон развој на нов производ со цел обезбедување на постојано присуство на витамини во млекото со што се задоволуваат потребите на организмот.
Програмата за збогатување со витамини вклучува периодично тестирање со цел да сме сигурни дека потребната количина на витамини во млекото е во согласност со производствената спецификација. Софистицираната опрема, имплементираните процедури кои во целост се почитуваат од обучениот персонал во БиМилк, приемната, процесната и финалната контрола, следливоста се гаранција за високиот квалитет на новиот производ.“ - Радмила Чобанова Василевска, директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара
На пресконференцијата каде беше претставен новиот производ, Претседателот на Здружение на педијатри на Македонија г-дин Александар Сајковски го истакна значењето од консумирањето на млеко за правилен раст на децата. „Посебно е важно конзумирањето на витаминско млеко кај децата кои растат заради брзиот метаболизам кој ќе биде овозможен само со зголемени количества на потребни витамини. Новиот производ трајно млеко со витамини претставува прво млеко препорачано од Здружение на педијатри на Македонија“
Проширувањето на портфолиото на производи на Битолска Млекара се должи на настојувањата на компанијата да ги следи и пресретнува желбите и потребите на купувачите преку креирање на производи кои во целост одговараат на нивните потреби.
„Современите трендови во прехранбената индустрија ни наложуваат континуирано следење на потребите на потрошувачите и нивно задоволување преку понуда на функционални производи, односно производи специјално дизајнирани да одговорат на барањата на определена целна група. Како посветен пријател на децата, кои се приоритет во стратегијата за општествена одговорност на Битолска Млекара, компанијата го проширува своето портфолио на производи воведувајќи го својот нов производ на пазарот - млеко збогатено со 10 витамини, кое е прво млеко од овој вид кое се произведува во Македонија.- Златко Најдовски, директор на Битолска Млекара
---
Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот - Danube Foods Group.
4
3
2
2
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Го знаете она: на сред продавница врескање и тропање со нозете затоа ш...
Како новопечената мајка да ја надмине исцрпеноста?
Советите кои следат ќе ви помогнат да преживеете (и да уживате) во тек...
Како се гради речникот кај бебето?
Бебето не се раѓа со изграден речник, но уште од првиот ден неговиот м...
Зошто е тешко да се спие во бременост?
Многу трудници очекуваат дека ќе бидат постојано уморни и навистина се...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?