|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Протест на бремените жени во Истанбул

Редакција Рингераја, 26.7.2013
Бремени жени и нивните сопрузи синоќа протестираа во Истанбул против изјавата на турскиот адвокат Јомер Тугру Инанчер, кој изјави дека е неморално бремени жени да се појавуваат на јавни места
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Бремени жени и нивните сопрузи синоќа протестираа во Истанбул против изјавата на турскиот адвокат Јомер Тугру Инанчер, кој изјави дека е неморално бремени жени да се појавуваат на јавни места.

Инанчер во програма на турската државна телевизија ТРТ изјави дека бременоста е спротивна на турската култура. Тој наведе дека бремените жени не треба да се шетаат по улица со големи стомаци.

- Прво тоа не е естетски, идните мајки по седмиот или осмиот месец на бременоста треба да бидат изведувани од сопрузите со автомобил, за да подишат чист воздух и тие треба да излегуваат навечер, посочи Инанчер.

Неговата изјава предизвика низа реакции на Твитер и повици за демонстрации.

Портпаролката на Партијата на зелените и левичарската иднина Надире Ѓул за ставовите на Иначер ја обвини владејачката Партија на правдата и развојот.

- Тој начин на мислење, кој си дозволува да ни диктира колку деца треба да имаме, како треба да ги раѓање, дали можеме да направиме абортус и каде можеме да одиме повторно е олицетворен од Иначер на ТРТ. Во тоа ние ја препознаваме политиката за жената на АКП. И ние сме против тоа. Бременоста не е срамна, посочи Ѓул.

Дирекцијата за религиозни прашања во Турција изјави дека исламот не бара изолација на жените и оти мајчинството е подарок. Но, во исто време ги повика бремените жени скромно да се облекуваат и да не го покажуваат стомакот или грбот.

 

Извор: Brif.mk

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Урнебесно видео: Првата VS останатите брем...
Нема врска дали носите второ, трето, или осмо бебе. Повеќе никогаш нема да бидете онаа иста личност која бевте кога бевт...
5
Грип за време на бременост - симптоми, риз...
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промената во начинот на кој функционира имунолошкиот сист...
4
Што е нормална болка во бременоста?
Бременоста носи бројни промени во телото, па затоа е сосема вообичаено да се појават различни видови болка и непријатнос...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali preferirate da odite vo teretana?

Da (17%)

Ne (67%)

Ponekogas (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!