|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Предизвици во градинка: Адаптирање на децата во новата средина и справување со детски трауми

Idea Lab Skopje, 20.10.2023
Отпочнувањето со одење во градинка е една, можеби меѓу поголемите одлуки, која едно семејство ја донесува за своето дете или деца. Секогаш кога ќе прочитаме или кажеме ваква реченица помислуваме на една позитивна, среќна, правовремена одлука...

image
/11


Но, во животот не секогаш е така!

Некогаш и веруваме на одлуката за поаѓање во градинка која најчесто е донесена од "вообичаени причини" кои постојат, а тие би биле:

-  Најчесто мајката се враќа на работа или неочекувано се запослува и детето нема кој да го чува.

- Процениле дека детето од страна на жената која го чува во домашни услови не стекнува правилни навики, не се развива според очекувањата, нема таков ред каков што би посакувале тие и сл.

- Забележале дека детето не е доволно социјализирано, нема емпатичен однос кон другарчињата, нема правилна и позитивна доверба кон возрасните, често се повлекува и станува интровертно.

- Слабо, недоволно или воопшто не комуницира; реално и свесно "признаваат" дека детето премногу го оставиле пред телефон,  телевизор или пак дека детето само и само говори на англиски јазик - наспроти очекувањата да говори на мајчин јазик.

- Детето отстапува во развојот и советот кој го добиле од дефектолог или логопед е веднаш да биде вклопено во градинка и помеѓу дечиња.

Не така ретки,  за жал,  во праксата, причини за отпочнување  со одење во градинка  се:

- Доживеана траума во семејството (или загуба на родител или многу близок член од семејството, непосакувано братче или сестра).

- Доживеана траума заради физичко или психичко малтретирање директно или индиректно на детето.

Услови во кои психијатрите, психолозите, педагозите, социјалните работници препорачуваат инклузирање на детето во градинка се со цел позитивниот социоемоционален амбиент позитивно да влијаат на надминување на настанатите состојби кај децата.

 

littleme

 

Како градинката ја одигрува својата улога?

Како тимот на вработени, педагогот и другите стручни работници во градинката ЛИТЛ МИ постапуваат во вакви и слични ситуации?

Поставеноста во работата на градинката ЛИТЛ МИ е таква што при самото аплицирање и покажан интерес за запишување на дете во градинката, педагогот покажува желба и иницијатива да реализира средба со родителите со цел да се запознаат, да воспостават комуникација, да ја стекнат иницијалната меѓусебна доверба во смисла дека градинката е подготвена да ги ислуша, запознае, размени и прифати првичните информации за детето, неговиот развој и семејството, а родителите да се почувствуваат слободни и  сигурни  дека можат да ги споделат сите значајни информации во врска со своето дете.

Понатаму, многу значајно е што со родителите се споделуваат значајни информации поврзани со потребата од непосредна работа со детето и воопшто реализирањето на програмата за работа.

Секако дека градинката ја презема обврската за индивидуална програма и работа на истата со цел на детето, доколку има посебна потреба, да му се пријде и да му се посвети посебно внимание и работа.

Секако дека во градинката ЛИТЛ МИ не се занемарува потребата и праксата од  активно вклучување на тимска соработка од дефектолог, логопед, социјален работник, психолог се со цел кон детето и семејството да се пријде стручно, планирано и организирано.

Во никаков случај, во рамки на тимската работа, не треба и не се занемарува  добрата подготвеност, информираност и едукација кои правовремено треба да ги добијат и стекнат воспитувачите и негователите со цел:

- Да се подготвени и да знаат како да му пријдат на детето и на што да внимаваат.

- Во работата да применат форми, методи, содржини, техники кои најпогодно ќе соодветствуваат кон позитивен развој на децата и корекција на настанатите состојби.

- Однапред ќе бидат подготвени за подобро и полесно инклузирање на детето во социјалната средина.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кирил Џајковски стана татко!
Македонскиот музичар и композитор Кирил Џајковски стана татко на син!
4
Има ли Вашето бебе теменица?
Теменица (себороичен дерматитис кај бебињата, познат под називот „crusta lutea“, млечна краста, pytiriasis capitis), пре...
3
Помогнете му на вашето дете да расте прави...
Принова во семејството! Бебе меѓу останатите членови во семејството. Сите се среќни, му се радуваат, го набљудуваат, го ...
3
Што кога бебето на летување ќе се разболи?
Која е разликата меѓу прегреаност и фебрилност и како да се однесувате во случај на висока температура или дехидрација д...
3




Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?