Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ако не е поинаку назначено лековите треба да се чуваат на суво, темно и ладно место. Под ладно се подразбира температура до 25 степени.
Идеално место за чување на лековите е во плакар, но тој да не биде во кујната или купатилото каде е влажно е постои голема варијација на собната температура.
Се поставува прашањето што да се прави во текот на летото, кога собната температура е далеку повисока? Можете да ги чувате во просторија во која имате клима уред, или да ги ставите во фрижидер, додека не помине жештината.
Колку долго може да се чуваат сирупите за кашлица или за симнување на температурата во фрижидер?
Постојат два видови на сирупи. Едни се прават во аптека со додавање на пречистена вода во лекот во прав. Таквите суспензии (антибиотици( обавезно се протресуваат пред употреба и се користат 7 дена (ако се на собна температура) или 14 дена ако се во фрижидер. Потоа се фрлаат, иако детето не ги испило до крај.
Другиот вид се фабрички направени суспензии или сирупи, кои траат до датумот назначен на амбалажата. Отворените шишиња од овие сирупи (против кашлање, против температура...) можат да се чуваат во фрижидер до датумот означен на амбалажата. Секако, треба добро да се затворат и да се чуваат вон дофат на децата.
Дали овие препарати ја губат јачината по извесно време?
Не! Можете да ги користите додека се во рок на употреба, под услов да ги чувате како што треба. Активната супстанца би требало да издржи и шест месеци по истекот на рокот, но тоа не треба да го проверувате. Штом ќе му истече рокот на лекот, фрлете го!
Дали да продолжите со користење на лековите кои сте ги носеле на пат па сте ги вратиле?
Тој лек може да се користи само ако сте го чувале во услови пропишани погоре.
Што да правите со сирупот против кашлица, за симнување на температурата или против алергија, ако извесно време бил на место каде има сонце?
Сонцето, или поточно речено сончевото зрачење неповолно влијае на повеќето активни супстанции кои се наоѓаат во лековите, посебно ако лекот стоел подолго време на сонце. Некои лекови се исклучително чувствителни на сонце (на амбалажата е јасно назначено), па за кратко време лекот може да се расипе.
Друг неповолен фактор е топлината – лекот во затворено шише се грее дури и ако не е директно изложен на сонце. Тоа е добро познатиот ефект на стаклена бавча кој важи за лековите кои се пакуваат во стаклени шишенца. Високата температура на растворот во кој се наоѓа лекот доведува до забрзано губење на дејството на активната супстанца. Затоа, најсигурно е тој лек да го фрлите и да купите нов, кој грижливо ќе го чувате.
Асистент Д-р Горан Вукомановиќ, педијатар
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Комбинации за успешна мала градина со билки
И најмалата градина може да биде извор на свежина и инспирација. Со пр...
Чекор по чекор до мини градина на терасата
Мини градината на тераса е совршено решение, лесна за одржување, практ...
Препорачани намирници за деца за време на настинка
Кога вашето дете е настинато, правилната исхрана игра клучна улога во ...
Кога болката е сигнал, а кога опасност?
Болката е еден од најважните начини на кои телото ни испраќа пораки....
Сува и иритирана слузница кај очи
Сува и иритирана слузница на очите е чест проблем што може да го намал...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?