Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Иако сте забележале дека Вашето бебе разликува ден и ноќ, тоа се уште често се буди во текот на ноќта. Стручњаците кажуваат дека, со навршени четири месеци, сонот е основна потреба на бебето, но некои деца се уште не знаат како да се успијат сами. Меѓутоа, некои лоши навики можат да се исправат за само неколку денови.
Ова се стратегиите кои можат да Ви обезбедат мирен сон:
Цуцла, да или не?
Со наполнети осум месеци бебињата веќе можат сами да се ја вратат цуцлата ако им испадне во текот на ноќта. До тогаш, изборот е Ваш. Можете да се обидете да го одвикнете бебето од цуцлата или да го оставите да се успие со плачење. Што и да одлучите, вооружете се со трпение.
Бебињата реагираат на звуци
Користете апарати кои произведуваат т.н. бели звуци, или фен за коса, за да ги маскирате останатите звуци. На интернет може да најдете снимени бели звуци, звуци на фен или правосмукалка, кои ќе го смират Вашето бебе и ќе го потсетат дека е време за спиење.
Игра во средината на ноќта
Ако Вашето дете минува низ некоја од важните фази на развојот, како што е лазење, одвај ќе чека да вежба и да ја покаже својата умешност. Ставете му до знаење дека ноќта не е време за играње и останете цврсти во своите ставови. Кога детето поминува од една во друга развојна фаза кај негое присутен страв од одвојување, кој се појавува ако бебето го оставите во соба и ја игнорирате неговата желба за разонода во текот на ноќта. Ако тоа се случи неколку часа пред вообичаеното време за будење, објаснете му на детето дека мора да спие, а дека наскоро ќе си играте.
Заспивање со доење
Единствена работа која може да ги смири бебињата е доењето. Меѓутоа, можете лесно да дојдете во ситуација кога Вашето бебе сака да цица премногу пати во текот на ноќта. Педијатрите советуваат да го одвоите заспивањето од доењето, за детето да не ги поврзи тие две ситуации и да очекува да се смири и да заспие со цицање секој пат кога ќе се разбуди. Научниците дошле до заклучок дека бебињата постари од шест месеци можат да ја преспијат ноќта без да имаат потреба од ноќен оброк. Консултирајте се со педијатар кога е вистинско време да го прекинете ноќното доење или оброк.
Бебето да не го разбуди братчето или сестричето
Ако реагирате на секој плач на бебето и веднаш трчате до неговото креветче за да не го разбуди постарото дете, може да му создадете навика да заспива само додека Вие сте покрај него. Објаснете му на постарото дете дека бебето ќе се буди во текот на ноќта, но дека треба да продолжи да си спие. Додека го тешите постарото дете може да се случи бебето повторно да заспие. Ако ночите стануваат напорни и времето го поминувате смирувајќи ги децата , имајте ја во предвид можноста постарото дете да го испратите на неколку дена кај баба и дедо.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: