Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Карактеристики на правилната исхрана
Карактеристики на правилната исхрана се:
- интегрални житарици и нивни производи
- полномасни, ферментирани и пробиотски производи
- мешункаст зеленчук
- свеж, домашен сезонски зеленчук
- свежо сезонско овошје
- лесно сварливи видови на месо
- свежи зачински билки
- зачини – ладно цедено сончегледово масло, маслиново масло, јаболков оцет, лимон, мед и др.
- доволна количина на течности
- добро избалансирана и комбинирана исхрана
- естетски добро осмислена храна
Садови и прибор
Садовите и приборот за подготовка на храна мораат да бидат изработени од квалитетни материјали, за храната да го задржи својот состав, боја, мирис и вкус. Мораат добро да спроведуваат топлина за што побрзо да се постигне температурата, потребна за обработка на производите и да се скрати времето за обработка на истите.
Се препорачуваат огноотпорни, садови од порцелан и садови од инокс.
Пред употреба на садови изработени од тефлон внимавајте истите да не бидат оштетени, бидејќи оштетениот тефлон во допир со прехранбените производи произведува материи штетни по здравјето.
Подготовка на продуктите
Предност треба да се даде на варена и храна подготвена на пареа, а пржењето да се применува најретко. Не е добро во еден оброк да се послужат повеќе пржени производи: ако еден производ е пржен, останатите треба да бидат варени или сирови.
Печење на храната треба да се применува во зимскиот период, бидејќи тогаш на организмот му е потребна појака храна. Храната треба да се печи без, или со минимум мрснотија во фолија, или печење во сопствените сокови со додавање на вода.
Готвење на месото
Кога се подготвува, месото е добро да се стави во вода која врие. Така протеините ќе се насоберат во мускулните влакна и заедно со останатите хранливи соединенија ќе останат во месото. Ако месото се готви ставено во ладна вода, таа вода треба да се употреби за истото јадење, а не да се исфрла.
Готвење на зеленчукот
Се препорачува зеленчукот да се готви во веќе зовриена вода, за подобро да се сочуваат нутритивните вредности (витамини, минерали, влакна и останато). Зеленчукот треба да се готви така што да остане малку жилав, односно да се внимава да не се превари.
Готвење на житарки и мешункасти производи
- јачменот и гравот треба да се остават една ноќ во вода, пред да се готват. Доколку постои можност ваквите тврди производи е најдобро да се готват во експрес лонец, заради скратување на времето за готвење.
6
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?