|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прашавме доктор: Справување со нејадењето

Редакција Рингераја, 19.1.2011
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со стручни лица кои ќе одговараат на најчестите проблеми на нашите корисници.

image
/11


 

Редакција Рингераја :

Како да се справиме со децата кога одбиваат храна?

 

Одговор:

Прим.др.Лидија Спасова, ПОБ  Ремедика


Најнапред треба да разјасниме за која возрасна група се работи и за каква храна се работи. Ако се работи за доенче на возраст од 3-4 месеци, на слободно доење и ако доенчето е здраво (лабораториски и клинички прегледано од педијатар) најверојатно се работи за т.н. кризи во доење, чести во таа возраст кога доенчето се повеќе се интересира за околината, па секој шум, говор, телевизија го вознемируваат и тоа го прекинува цицањето. Во овој случај треба да се обезбеди тивка и мирна просторија, позната на бебето, со затворени ролетни.

Доенче кај кое се воведува немлечна храна може да прифаќа или да одбива одредени типови на храна, зависно од неговиот вкус.

Кај децата над една година, ако се работи за нагло губење на апетитот, треба педијатриски и лабораториски да се прегледа (болно, анемично итн), но најчесто во таа возраст, во својата истражувачка фаза, тие немаат време да се занимаваат со за нив така досадната работа, како што е исхраната. Загриженоста на родителите и нивната настојчивост да со сила го нахранат, ствара дополнителен отпор кај детето.

 

Редакција Рингераја :

Што треба да се направи?      

 

Одговор:

Прим.др.Лидија Спасова, ПОБ  Ремедика

 

Најнапред да се провери тежината и висината на детето во однос на стандардната крива за раст и развој. Да се контролира растот на тежината во тек на неколку месеци. Да се храни детето во време кога целото семејство јаде, со тоа што да му се овозможи дел од оброкот да го зема самостојно. Храната да биде интересно сервирана и украсена, за да го привлече. Да не се прават драми ако детето не го изеде сето она што вие сте го предвиделе. Да се избегнуваат грицки и слатки помеѓу оброците(наместо тоа да се даде овошје). Да не се дава млеко пред оброкот , бидејки тоа го заситува.

Ако Вашето дете е здраво, активно, добро напредува, има добра крвна слика, не се вознемирувајте, Вашето дете ке јаде толку колку се неговите потреби а не колку Вие сте предвиделе.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Воведување цврста храна кај бебето. Водич ...
Воведувањето цврста храна е важна пресвртница во развојот на бебето. Овој период носи нови вкусови, текстури и навики во...
20
Сончев витамин– извор на имунитет и здравје
На телото му треба сончева светлина за да произведе витамин Д синтетизирајќи го во кожата. Овој витамин е неопходен за р...
5
Запознајте го мачето родено со само 66 грама!
Бело маче со име Манчмалоу родено е со само 66 грама и имало многу мали шанси да преживее. Но судејќи по снимката која н...
4
Емили од 500 гр: Најмало бебе, најголем бо...
Емили е родена во 24. недела од бременоста, но нејзиното тело со големина на леб од 500 гр. не се предало. Таа веќе 10 н...
4




Анкета


mecence

Dali vi se dopaga imeto Andrej?

da,mnogu (33%)

da (40%)

ne (10%)

nisto posebno (17%)


Број на сите гласови: 125

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!