namesp во 10:11
Породувањето се наближува. Какво е чувството?
Редакција Рингераја, 5.6.2024
Евентуални проблеми:
Слузест чеп. Некои жени го забележуваат падот на слузниот чеп, други - не. Падот на слузниот чеп е знак дека вашето тело се подготвува за големиот ден, но не е сигурен сигнал дека тој навистина настапува или дури претстои. До раѓањето може да има 1, 2 или дури и неколку недели и цело ова време грлото постепено се проширува.
Кај многу жени слузниот чеп не паѓа предвреме и тоа не предвидува како ќе протече идното раѓање.
Вагинално крварење. Слузестиот исцедок обоен во розова или кафеава боја, често е знак дека крвните садови во матката се полни со крв и дека процесот кој води кон раѓањето, веќе започна. Ако одеднаш крварењето ви стане светло-црвено, контактирајте веднаш со гинекологот.
Кинење на амнионската обвивка. Ако влажната дамка врз чаршавот мириса прилично слатко, најверојатно тоа е амнионската течност. Сигурно лекарот ви кажал што да правите ако ви истече амнионската течност - веднаш да му се јавите.
Водите истекуваат, но нема контракции. Раѓањето најверојатно ќе започне многу наскоро, повеќето жени чувствуваат контракции во следните 12 часа, а други до 24 часа по прскањето на водењакот.
Заматена амнионска течност. Амнионската течност може да се обои од мекониум - зеленикаво-кафена супстанција која излегува од дигестивниот систем на бебето. Обично мекониумот се излачува по раѓањето со првите столица на новороденчето. Ни понекогаш, особено ако плодот бил подложен на стрес во мајчината утроба, мекониумот се одвојува пред раѓањето, во амнионската течност. Информирајте го веднаш лекарот, кој најверојатно ќе предизвика раѓање.
Недоволна амнионска течност. Обично природата ја одржува матката добро опремена со постојани регенеративни залихи на амнионска течност. За среќа, дури и кога за време на породувањето нејзиното ниво ќе се намали, медицинската наука знае како да интервенира.
Неправилни контракции. Нема две жени со апсолутно исти контракции при раѓање. Не е секое раѓање како по "учебник" и не секогаш контракциите се во исти интервали и не се засилуваат прогресивно.
Јадење и пиење за време на контракциите. Некои лекари забрануваат јадење и пиење за време на породувањето, тврдејќи дека храната во дигестивниот сиситем може да биде опасна, ако треба да се прави целосна анестезија по итност. Едвај ќе сте расположени за обилно јадење, но нешто светло и лесно може да ви ја одржува енергијата.
Вештачко кинење на амнионската обвивка. Повеќето жени не чувствуваат ништо, ако оваа постапка се прави вештачки, особено ако контракциите веќе почнале. Ќе забележите како течат водите, а наскоро потоа ќе почнат и болките. Понекогаш амнионската обвивка останува цела - од почетокот до крајот на раѓањето и тоа исто така е нормално.
На патот кон болницата. Ако сте во автомобил и раѓањето започне, слезете од патот и паркирајте на безбедно место. Јавете се на брза помош. Вклучете ги предупредувачките трепкачи.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?

Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
