|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Односот кон детето со интелектуална попреченост

Ана Петковска, дефектолог, 21.9.2011
Како браќата и сестрите ќе се однесуваат кон интелектуално попреченото дете?

image
/11


 

Тоа секогаш зависи од држењето на родителите. Ако родителите постапуваат со интелектуално попречено дете така природно, како што го тоа дозволува неговата состојба, тогаш неговите браќа и сестри, исто така помалку ќе размислуваат за тоа, отколку ако мајката околу попреченото дете создава постојана напнатост и вознемиреност.

Ако родитлите навистина го прифатат интелектуално попреченото дете, со сите негови очекувања, тогаш браќата и сестрите исто така порано ќе го прифатат. Првиот чекор кој треба да го направат родителите е да им објаснат на своите деца, зошто и во што нивното сестриче или братче е поинакво. Здравите деца не можат да се поштедат од судбината: тие мора да ја примат, и со тоа ќе растат и ќе созреваат.

Факт е дека од едно четиригодишно дете не може да се очекува да има разбирање за својот брат или сестра кој на некаков начин е поинаков од него. Важен е делот на воспитувањето на здравото, како и на детето со попреченост. Но, родителите се тие кои ќе мора да внимаваат, еден можеби посилен брат да не го мачи непотребно детето со попреченост, или-итрото сестриче да не ги искористува неговите слабости, како и попреченото дете да не биде исклучено од сите игри.

Од друга страна, ниту здравите деца не смеат да бидат заборавени. Во некои семејства родителите целото време му го посветуваат на попреченото дете, а здравите деца добиваат впечаток дека нивните родители живеат само за детето со интелектуална попреченост. Во тој случај, најчесто кај здравите деца се јавува омраза кон својот брат или сестра, која може да трае целот живот и која нема да му користи на добриот однос помеѓу браќата и сестрите.

Ситуацијата се разликува според тоа дали дете со попреченост е помладо или постаро. Ако, е најмладо, проблемите се многу поедноставни. Тоа најчесто останува мало бебе, галениче, како за родителите така и за браќата и сестрите. Рамнотежата помеѓу нив е речиси нормална: сите се грижат за најмладото. Ако интелектуално попреченото дете е постаро, во тој случај на другите им е многу потешко да го пронајдат вистинскиот однос кон него. Најтешко е во времето кога здравото дете постепено го надраснува попреченото; не по возраст, ниту по висината, по вештината, по размислувањето и по општата ментална зрелост. Тогаш најчесто настапува момент кога не сфаќа зошто со повозрасните не може вистински да се игра. Можеби го попречува  и тоа што од него се бара повеќе отколку од повозрасното, што особено доаѓа до израз при распределбата на “домашните должности”. Сепак неминовно е од здравото дете да се бара повеќе отколку од детето со попреченост. Но, тоа родителите мораат да му го надоместат со својата љубов, т.е. мораат секогаш со зборови и со нежности одново да му покажуваат колку и него го сакаат.

Најчесто проблемите се зголемуваат, кога здравите деца влегуваат во пубертетот. Тоа е период кој предизвикува криза во заедничкиот живот на браќата и сестрите, особено ако интелектуално попреченото дете е сеуште многу заостанато при совладување на правилата за заедничкото живеење. И покрај најдоброто разбирање меѓу браќата и сестрите на таа возраст може да дојде до криза. Тоа е во врска со општото вриење во битието на младиот човек кој се развива. Често преовладува суетата и тогаш се срамат од својот интелектуално попречен брат или сестра.

Сето тоа во секој случај не претставува знак за конечен немил развој на односот меѓу браќата и сестрите. Родителите мораат и тука, како и во многу нешта, да бидат мошне претпазливи кога ќе бидат децата во пубертет. Добрите односи меѓу децата повеќе се забрзуваат со тоа што малото, интелектуално попречено дете, во извесни моменти претпазливо се задржува во заднина, а притоа тоа да не се почуствува запоставено.

Кога кај младите луѓе ќе се зацврсти сопствената моќ на размислување, тие најчесто престануваат да бидат неугодни. И тогаш на родителите им е најубаво: да набљудуваат, како нивните големи деца со многу љубов ја преземаат одговорноста за нивниот брат или сестра кој е интелектуално попречен. Во мирните и сложени семејства тоа не е исклучок, туку утешно правило.

 

Извор: www.defektologija.com

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Прескокнување на срцето - Екстрасистоли
На многумина од нас сигурно ни се има случено некогаш да почувствуваме како срцето да ни прескокнува или пак како да ни ...
6
НЕ ПАНИЧЕТЕ: 6 нормални реакции кај бебиња...
Кога бебињата стари неколку месеци ја примаат првата вакцина, може да се појават несакани ефекти. Погледнете што можете ...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?