Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Интернет-страницата Рингераја.мк нуди важни совети за семејствата во Македонија и претставува прифатилиште и подадена рака за сите родители, независно од нивната верска и национална припадност. На Рингераја.мк отсекогаш сите сме биле обоени во една и единствена боја – љубовта кон нашите деца. Токму оттука потекнува и љубовта и почитта кон мајчиниот јазик и нудење на можноста секоја мајка да се едуцира и надградува на јазикот кој го научила од својата мајка. Кога една мајка го држи своето дете во прегратка, ние точно знаеме што вели нејзиното срце, независно дали ќе каже “të dua” или „те сакам“
Сакајќи да придонесе кон еднаквост, застапеност и интеграција во македонското општество на припадниците на националностите во Македонија, кон изградба на мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество, авторот на Детското катче на албански јазик Љуљета Адеми во соработка со редакцијата на Рингераја.мк нуди промоција на албанските културни вредности на најпосетената и најголема семејна интернет-страница во Македонија. Детското катче на албански јазик им нуди на албанските дечиња можност за активно учење преку дидактички материјали. Ова катче на албански јазик нуди помош на албанските мајки да изградат квалитетна семејна заедница и да одгледаат здрави поколенија. Исто така, претставува траен запис на елементи од албанската култура, традиција, народни верувања и обичаи, детски песни и игри.
Категории во Детското катче на албански јазик
Детски песнички (Këngа për fëmijë)
Опис: Песнички кои се учат во училиште и градинка, певливи народни детски песнички кои се пренесувале од колено на колено, со кои децата се успивале, први песнички кои децата ги пееле.
Народни приказни (Përralla popullore)
Опис: Народни приказни кои на најдобар начин ги пренесуваат албанските традиции, албанската добрина и чест и албански приказни за добра ноќ, кои мајките им ги раскажувале на своите деца пред спиење.
Развојни игри (Lojëra për zhvillim)
Опис: Игри за моторен развој и развој на интелигенцијата. Игри со кои пораснале многуте поколенија албански дечиња.
Играме и пееме (Luajmë dhe këndojmë)
Опис: Песнички од Youtube на албански јазик од најпознатите албански детски фестивали и певливи песнички кои децата ќе ги потпевнуваат и на кои можат да играат.
Мали креативци (Kreativët e vegjël)
Опис: Катче за промовирање на креативноста на децата од албанската популација. Катче во кое ќе можат да се објавуваат ликовните и уметнички творби на младите таленти од албанската популација.
Традиција и култура (Tradita dhe kultura)
Опис: Традиција, обичаи, народни носии, ора, игри, песни. Место за промоција на албанските културни вредности, обележја, религија.
Совети за мајки (Këshilla për nënat)
Опис: Превод на статии за забременување, бременост, бебе, дете. Текстови кои имаат најголема посетеност на Рингераја.мк и текстови кои ќе и помогнат на мајката да се доизгради како личност и со самото тоа да придонесе во изградба на личноста на детето, во изградба на поздраво потомство, поздраво општество.
Проектот „Детско катче“ на албански јазик на интернет-страницата Рингераја.мк го овозможи Министерство за култура на Република Македонија, како проект од национален интерес во културата за 2015 година.
4
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Улогата на блиските во финалната фаза од бременоста
Последните денови од бременоста се период исполнет со возбуда, исчекув...
Кофеин во други пијалоци и храна, колку е безбедно?
Кога се зборува за кофеин, најчесто се мисли на кафе, но тој се наоѓа ...
Двојна метода за следење на овулација
Кога се планира бременост, најважно е точно да се одредат плодните ден...
Што да избегнувате при избивање заби кај бебе?
Избивањето на забите е нормална, но често непријатна фаза кај бебињата...
Што би сакал/а да знаев пред да станам родител?
Родителството често изгледа како нешто што инстинктивно ќе се случи, н...