|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Необични факти за бебињата

Редакција Рингераја, 8.8.2022
Бебињата се неверојатни суштества кои им даваат неизмерна радост на своите родители. Видете ги 11-те интересни факти за новороденчињата
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Бебињата секогаш слушаат, дури и кога се сеуште во стомакот на мајката, а до 2 дена откако ќе се родат, можат да го препознаваат гласот на мајката.

Секое бебе има карактеристичен плач кој мајката се учи да го препознава до 3 дена по породувањето. Се смета дека тогаш се буди нејзиниот мајчински инстикт, и дури да се наоѓа во соба полна со новороденчиња кои плачат, таа ќе успее да го најде своето.

Норвешките научници утврдиле дека ако поставите новороденче врз стомакот на мајката, тоа ќе се обиде да се протегне кон нејзините гради, за да биде нахрането.

Бидејќи новороденчето не може да каже дали му е топло или студено, има инстинкт за самоконтрола што помага да ја задржи константна  температурата на телото. Кога е студено, бебето почнува да се движи повеќе со мавтање на рацете или удирање со нозете. А кога е топло, бебето е порелаксирано.

На секое новороденче му требаат од 5 до 10 минути за да се прилагоди на новата средина. Колку повеќе расте, толку помалку време му е потребно. На пример, по 3 месеци потребни му се само 2 минути и 30 секунди за да се адаптира на новата средина, а на 6 месеци - само 30 секунди.

Новороденчињата имаат силно чувство за мирис и ги препознаваат своите родители преку мирисот на нивната кожа. Затоа, не е препорачливо мајката да користи  парфеми со силен мирис во првите месеци од раѓањето, така што детето ќе може да ја препознае и да биде смирено.

Бебињата се раѓаат со приближно 10 илјади рецептори за вкус кои почнуваат да се појавуваат уште во 3-от триместар. Тие се наоѓаат на јазикот под него и на непцето, но со текот на времето се намалуваат.

Иако при раѓањето лекарите чекаат новороденчето да заплаче, всушност нема да видите солзи на очите на бебето најрано до 3 недели, а кај некои бебиња - до 4-тиот месец. Причините се две - од една страна, солзниот канал сеуште не е сосема развиен, а од друга, бебето подоцна почнува да произведува хормони на стресот, кои имаат клучна улога за плачот и солзењето на очите.

Мозокот на бебето расте со брзо темпо и го зголемува волуменот 2 пати во рамките на првата година – тогаш е веќе на половина волумен од оној на возрасните.

Во првите три месеци, идеално растојание што треба да го направите со бебето кога разговарате со него е околу 20 см. Од таа оддалеченост ќе може да се фокусира и да ве препознае.

Бебињата се раѓаат со вкупно 300 коски кои со текот на времето се спојуваат и го намалуваат нивниот број на 206.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
5
Работи кои не треба да ги загрижуваат роди...
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи колку мајките се сензитивни во периодот по породувањ...
4
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за здрав раст и развој кај бебињата, обезбедувајќи и...
4
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствуваат привлечни, женствени и сигурни во своето тело.
3




Анкета

koe ime e poubavo
mamicka77

koe ime e poubavo

EVA (51%)

ANJA (49%)


Број на сите гласови: 240

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!