|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Напредување на исклучиво доено бебе

Редакција Рингераја, 27.5.2019
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина е, долгорочно гледано, најдобар доказ дека бебето прима доволно млеко. Малите отстапувања не мора да бидат сигнал за узбуна

image
/11


Во табелата имате податоци кои се во согласност со новите стандарди на раст на Светската Здравствена Организација

 

Возраст на детето

Добивање на тежина според новите стандарди за раст на дете од СЗО

0-4 месеци

155-241 грама неделно*

(околу 664-1030 грама месечно)

4-6 месеци

92 – 126 грама неделно

(околу 394 – 540 грама месечно)

6-12 месеци

50 – 80 грама неделно**

(околу 214 – 342 грама месечно)

*За некои деца уредно е да добијат и од 113-142 грама неделно

**Просечно доено бебе ќе ја зголеми за двојно својата тежина до 3-4 месеци, а повеќето бебиња до 6. месец од животот.

До првата година просечно доено бебе ќе ја зголеми својата тежина за 2 ½ - 3 пати

 

Очекуван раст на детето во должина и опсег на главата

Возраст на детето

Должина

Опсег на главата

0-6 месеци

2,5 цм. месечно

1,27 цм. месечно

6 – 12 месеци*

1,27 цм. месечно

6,4 мм. месечно

*До навршена прва година, просечно дете ќе ја зголеми должината на 50%, а опсегот на главата за 33%

Извор: Mohrbacher N. Breastfeeding Answers Made Simple, Amarillo, Texas: Hale Publishing, 2010, str. 205

 

Како да знаете дека општата состојба на детето е добра?

 

Кожа

Кожата на бебето е мека, еластична и влажна. Ако ја притиснете го прст и потоа го тргнете прстот, во истиот момент се враќа назад и е со розова боја. Околу очите и устата, кожата е розова и влажна. Ова се знаци дека детето добива доволно течности.

 

Мокри пелени

По 3 или 4 денови живот, детето треба да има барем 6 мокри пелени. Откако излезе целиот мекониум и столицата стана со боја на сенф, треба да се очекуваат барем 3-4 покакани пелени дневно (со големина од најмалку 2,5 цм.) По 6-та недела од животот некои деца вршат голема нужда значително поретко, па и прават паузи од неколку дена. Тоа е исто така сосема нормално. Во случај детето околу 5 ден старост да нема доволно мокри и валкани пелени, треба да ги погледнете сигналите кои упатуваат на проблеми и да го одведете детето на лекар.

 

Будност

Детето се смета за будно ако постои период секој ден кога воспоставува контакт со очите со родителот, следи со поглед, го интересира околината и ги имитира изразите на лицето.

 

Плачење

Голем број мајки мислат дека детето не добива доволно млеко ако е немирно и плачливо. Меѓутоа, тоа никако не покажува проблеми со доењето. Доените деца можат да бидат немирни, посебно во почетокот, бидејќи на тој начин си обезбедуваат повеќе оброци.

 

Сигнали кои упатуваат на можни проблеми и за нив е потребен надзор од лекар

  • млитавост
  • летаргија
  • слаб плач
  • кожа која не се враќа во розова боја откако ќе ја стиснете
  • сува уста и очи
  • продлабочена фонтанела
  • температура

 

Неколку факти кои треба да ги знаете за нормалното добивање на тежина

Без оглед на тоа дали се доени или не, децата губат на тежина првите 3-4 дена по раѓањето заради губење на течност од ткивата и заради исфрлањето на мекониумот. Се смета за нормално детето да изгуби 5-7% од својата тежина. Иако губењето на тежина се смета за нормално и до 10%, тоа значи дека на мајката и треба дополнително помош при доењето.

Повеќето деца ќе ја вратат породилната тежина 10 дена до две седмици по раѓањето. Добивањето на тежина треба секогаш да се мери од најмалата тежина по породувањето. Колку повеќе детето ќе изгуби, ќе му треба подолго време да ја надокнади породилната тежина.

Во случај детето да не ја врати својата породилна тежина за 10-14 дена, треба да се обратите на лекар за да ви помогне со праксата на доење и да ја процени потребата за воведување на прихрана.

Можеби е потребно да го доите детето почесто, подолго, или да го стимулирате да цица поактивно. Немојте долго да чекате за да го решите овој проблем. Колку подолго чекате, толку ќе ви биде потешко да го решите проблемот.

Не се оптоварувајте со често мерење на своето бебе. Вагите се различно баждарени, па се можни големи отстапувања, кои можат непотребно да ве загрижат. Не заборавајте дека полна пелена може да тежи и до 250 гр. Во повеќето случаи доволно е бебето да се мери за тежина и должина само на редовна контрола кај педијатарот.

 

Што ако вашето дете отстапува од просекот?

Можни се одредени отстапувања од горенаведените бројки кои се сметаат за нормални (под услов општата состојба на детето да е добра и да има доволен број на мокри пелени). Овие отстапувања настануваат заради фактот што сите деца се со различна градба, имаат различен метаболизам, темперамент, нивните мајки ги дојат со различно временско растојание, па во согласност со тоа ги согоруваат калориите на различен начин. Долгите и витки бебиња (т.н. банана тип) побрзо ги согоруваат калориите, отколку што е тоа случај кај буцкастите бебиња. Заради тоа овие бебиња често побрзо растат во должина, па на дијаграмот за висина се над просекот, а на дијаграмот за тежина се под просекот. Буцкастите бебиња (т.н. тип јаболко)побрзо ставаат килограми, но поспоро растат во висина.

Темпераментот на детето исто така може силно да влијае на напредувањето во тежина. Таканаречените добри бебиња согоруваат помалку калории, па во согласност со тоа брзо ставаат килограми. Бебињата кои се поактивни и стално се придвижуваат, обично согоруваат повеќе калории и имаат предиспозиции да бидат послаби.

Бебињата кои се хранети по нивно барање, на кои дојката им е на располагање неограничено време, често брзо напредуваат во тежина. Бебињата кои ноќе спијат заедно со мајката, па ја имаат можноста на неограничени ноќни подои, исто така побрзо напредуваат во тежина. Бебињата на кои родителите се обидуваат да им наметнат дневен распоред на доење и спиење, обично поспоро напредуваат во тежина. Тоа не е само заради фактот што бебињата добиваат помалку млеко, туку и млекото на мајките кои помалку дојат е помалку калорично.

 

За дијаграмите на раст и новите стандарди на СЗО

Дијаграмите на раст може да бидат корисни за следење на растот на детето, но се далеку од совршениот начин за следење на растот. Тие не се никаков тест, па заради тоа не е целта вашето дете да го достигне најголемиот процент.

 

Извори: LLLI, The Breastfeeding Answer Book Kellymom AskDrSears.com

Ви треба ли мидер по породување?
Со помош на дадените инструкции проверете дали толку многу ви се одвоиле стомачните мускули, па ви треба мидер по породу...
12
Запознајте го НОВИОТ Johnson’s
Johnson’s соработува со стручнаците и родителите ширум светот како би бил предводник во истражувањата и разбирањето на п...
5
Мајчински инстинкт - дали ќе бидам добра м...
Мајчински инстинкт се нарекува вродено чувство на жена која ги штити, заштитува и ги храни нејзините потомци. Речиси сит...
4
Што треба да знаете за новороденчињата?
Ако очекувате дете, сигурно сте ги прочитале сите книги за родители кои сте ги нашле.Но, постојат неколку работи за ново...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

кога
lp136

Кога за прв пат му се појави првиот заб?

на 2 месеци (0%)

на 5 месеци (20%)

на 7 месеци (80%)

на 10 месеци (0%)

друго (0%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!