|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Морската сол може да замени една рака лекови?

Редакција Рингераја, 28.11.2017
Морската сол се создава со природни процеси на испарување на солената вода, при што сите нејзини состојки остануваат зачувани. Благодарение на над 80-те елементи во составот, морската сол чудотворно делува на здравјето, кожата и косата.
Клучни зборови:

image
/11


 

Најголемата разлика помеѓу морската и кујнската сол е што со сушењето на повеќе од 650 Целзиусови степени, кујнската сол ја менува својата хемиска структура, па не ги содржи потребните елементи и минерали како природната сол. Во морската сол, освен натриум хлорид, наоѓаме дури осумдесет различни елементи во траги како калиум, магнезиум и манган, па затоа таа прави чуда за вас. Еве кои се предностите на морската сол.

1. Морската сол има ефект на алкализација кој помага во балансирањето на нивото на киселост во телото, па така ги елиминира потенцијалните ризици од фатални болести.

2. Може да го зајакне имунолошкиот систем, а тогаш телото станува поотпорно на разни автоимуни болести како грип, алергија и слично.

3. Има значајни ефекти брз кардиоваскуларниот систем. Научниците докажале дека редовното консумирање морска сол растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така, го држи крвниот притисок под контрола и ја нормализира неправилната работа на срцето.

4. Метаболичните нарушувања, како дијабетесот, може успешно да се третираат и лекуваат со морска сол, бидејќи таа помага при намалување на нивото на шеќер во крвта.

5. Повеќе од 20% натриум во нашето тело се акумулира во коските, кои пак се оштетуваат заради недостаток на минерали во крвта и телесните течности. Додавањето морска сол во исхраната може да ви помогне да ја избегнете или забавите остеопорозата.

6. Морската сол, исто така, е корисна за системот за дишење, а минералите и олигоелементите, односно структурните делови на алги кои ги содржи морската вода помагаат при заздравување на слузницата. Морската вода има благи антисептички и антибактериски ефект, благодарение на калциумот и магнезиумот.

7. Морската сол е извор на калиум (кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна), па токму затоа благотворно делува на грчевите.

8. Морската сол се семата за природен прочистувач на крвта. Содржи голема количина витамин Ц кој делува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Магнезиумот пак овозможува ефикасно делување на антиоксидансот. Па така, морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата апсорбирајќи ги сите отровни состојки од нив.

9. Бидејќи солта ги извлекува токсините од телото, кожата станува мека и здрава. Затоа купките со морска сол може да го подобрат нејзиниот тонус. Таквата купка ќе го поттикне и излачувањето на непотребната вода од кожата и сврзните ткива, со што се спречува насобирање на непотребна течност, па кожата станува чиста, мазна и здрава.

10. Морската сол е полна со витамини и минерали од витална важност за правилна исхрана на клетките. Тие хранливи состојки може да го подобрат клеточниот метаболизам, да го одржуваат ткивото хидратизирано, да ја поттикнат циркулацијата и да ја зголемат силата на клеточната мембрана.

11. Калциумот помага при ослободување на зачепените пори на кожата.

12. Морската сол е идеала како природен пилинг на кожата, бидејќи нејзината текстура помага да се отстрани горниот слој мртви клетки од кожата.

13. Таа е природен лек за мрсната коса. Морската сол може да го апсорбира вишокот масла од вашите влакна, правејќи ја косата мазна и убава.

14. Со помош на многуте минерали кои се присутни во морската сол косата ќе го добие потребниот волумен, а вашите влакна со леснотија ќе потскокнуваат. Исто така, морската сол може да им даде доволно хранливи состојки на фоликулите кои ќе ја направат косата помека.

15. Морската сол е одлична и во борбата проти првутот. Делува директно на кожата и ја спречува нејзината сувост.

 

Кафепауза

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што го намалува имунитетот кај децата?
Веќе започна периодот на настинки. Болките во грлото, кашлањето и отежнатото дишење се проблем на многумина
6
Дали бебето може да Ви го уништи бракот?
Доаѓањето на бебето, од страна на родителите семејството и пријателите, отсекогаш е дочекувано со голема радост. Но, од ...
6
Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
5
Народен лек против кашлица, бронхит и лари...
Овој напиток може да ја излечи и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излечи современата медицина
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?