|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Месо во исхраната на доенчето

Редакција Рингераја, 16.5.2012
Колку пати сте се запрашале дали Вашето доенче е подготвено да прифати производи од животинско потекло? Постои ли најдобар и вистински момент да запознае производи богати со белковини? Тука сме за да Ви ја олесниме оваа одлука

image
/11


 

 

Вистинско време за воведување на производи од животинско потекло како месо, риба, но и ферментирани млечни производи (свежо сирење и јогурт) е од 7 - 8 месец на старост на Вашето дете. Дотогаш детето веќе се навикнало на вкусот на житарици, овошје и зеленчук, а дигестивниот систем му е доволно зрел за да може да вари производи од животинско потекло.

 

Состав на месото

Месото (мускулното ткиво) содржи во просек 13 - 18% белковини, 40 – 80% вода, 3% масти и значајна количина на минерали како (калиум, магнезиум, фосфот, железо, цинк) и витамини (витамин А, Д и Б – комплекс витамини) и мала количина на јагленохидрати.

Белковините ги градат клетките и вклучени се во важни биохемиски процеси во организмот, па се користат за производство на енергија. Месото е многу важен извор на белковини од висока биолошка вредност, во исхраната на детето. Белковините се составени од аминокиселини, а во месото се наоѓаат сите потребни аминокиселини кои на детето му се потребни за синтеза на сопствените белковини и за изградба на ткивата и органите. Месото содржи и есенцијални аминокиселини, оние кои човечкиот организам не може да ги произведе, туку мора да ги внесе со помош на исхраната. Присуството на тие есенцијални аминокиселини во месото е важно за правилниот раст, развој и созревање на организмот на детето и потребно е благовремено да се воведе во исхраната.

Како последица на недостатокот на железо во организмот на детето може да се јави мегалобластна анемија. Таквиот вид на анемија може да се превенира со воведување на продукти во исхраната како месо, кое може да го снабди организмот. Месото е важен извор на железо и тоа во облик кој е искористлив за организмот, а уште подобро е ако го комбинирате со производи кои содржат витамин Ц, бидејќи така се подобрува неговата апсорпција. Најчеста грешка во исхраната на децата е родителскиот страв од консумација на црвено месо.

 

Извор на железо

Црвеното месо често се поврзува со појава на болести, а се заборава дека немасното црвено месо е важен извор на железо кое е важно  за развој на мозокот и раст на детето. Со воведување на месо во исхраната на доенчето ќе се задоволат потребите на железо, но и на цинк – минерал важен за јакнење на имунитетот кај детето. Месото е важен извор на витамин Б – комплекс потребен за извршување на секојдневните активности, посебно витаминот Б12 кој се наоѓа во производи од растително потекло. Витаминот Б12 е неопходен за изградба на црвените крвни клетки и за работа на нервниот систем.

Во дохраната на доенчето старо 8 месеци прво се воведува месо од живина (пилешко и мисиркино) и месо на млади животни (телешко и јагнешко) заради нивното полесно варење. Темното месо најчесто се воведува со наполнети девет месеци старост додека црвеното месо (јунешко) се препорачува по навршена една година.

За подготовка на оброк за Вашето дете секогаш одберете свежо, немасно месо и пред употребата од него отстранете ги маснотиите, кожата и коските. Месните преработки како колбаси, месни конзерви и сувомеснати производи не се препорачливи ниту за доенчињата, нити пак за децата бидејќи содржат адитиви и зачини.

 

Подготовка на оброк од месо за доенчето

Во почетокот месото треба да се дава пасирано односно ситно сецкано,  а подоцна сецкано на мали парчиња. Идеално може да се комбинира со зеленчук (кој детето веќе го има пробано) бидејќи на тој начин ќе биде полесно прифатливо и детето полесно ќе го голта. Исто така може да се сервира и со житарки кои во таквиот оброк ќе обезбедат доволна количина на влакна кои се потребни за регулирање на столицата кај детето. При подготовката на месото препорачливо е да се додадат неколку капки растително масло (маслиново, сончогледово). Не се препорачува да се додава сол.

Се препорачува месото да се вари , да се подготвува на пареа или да се пече, без додаток на маснитии (во фолија или вреќичка). При подготовката внимавајте месото да не се превари или препече, бидејќи од него потешко ќе направите кашичка.

За вашето малечко секогаш одберете свежо месо со најдобар квалитет!

 

Многу среќа и трпение при воведувањето на нова храна!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Масирање на бебиња
Масирањето е одличен начин на воспоставување и зацврстување на врската со детето, бидејќи на секое дете допирот му е нео...
4
9 природни лекови против грип и настинка
Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А сезонскиот грип е нешто што мно...
4
Што лечи маслото од оригано?
Маслото од диво оригано спаѓа во еден од најделотворните продукти. Погледнете што се' лечи ова растение
4
Како да препознаете труење со храна?
Стомачните вируси кои активно заразуваат периодов можеби и не можеме да ги спречиме, но може да се заштитиме од труењата...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?