Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Насилството врз жените не е само физички удар, тоа е печат на една болна култура што се пренесува од генерација на генерација. Сценариото е старо колку и времето, татко кој ја удира мајката, син кој расте во таа сенка и потоа станува човек што своите лични демони и фрустрации ги лечи врз жената што тврди дека ја сака.
Трагедијата е двојна. Жената ја трпи болката, а децата се безгласни сведоци кои ја впиваат траумата како сунѓер. Детето што расте во дом на насилство не слуша само караници и плач, туку учи „шема“ на љубов во која шамарот е начин на „доказ“. И токму тоа дете, кога ќе порасне, често ја репродуцира истата приказна.
Жената која ќе се најде во ваков циклус има само еден пат, да се избори за себе. Молчењето не е храброст. Трпението не е љубов. Излезот почнува со гласно „доста е“. Треба да се побара помош од институции, од организации, од пријатели, од секој што ќе ? подаде рака. Затоа што секое молчење го легитимира насилникот и му дава сила повторно да удира.
А за мажите што мислат дека со ,,шамар” лечат рани од сопственото детство, вистината е дека со тоа само создаваат нови жртви. Ако татко ти бил насилник, тоа не е алиби, туку причина да бидеш различен. Да ја скршиш таа проклета шема, да не бидеш продолжена рака на неговата омраза.
Насилството врз жените не е приватна работа. Тоа е јавен срам. И додека молчиме, додека затвораме очи, додека ја префрламе вината врз жената што „трпела“, учествуваме во злосторство.
Затоа оваа колумна е повик. Жени, станете! Мажи, освестете се! Општество, отвори ги очите! Инаку, ќе продолжиме да живееме во круг во кој мажите ги наследуваат шамарите од татковците, а жените го плаќаат највисокиот данок, а тоа е сопственото достоинство и живот.
7
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...
Најголемите предности на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е природна и целосна храна која е совршено прилагодена...
Нормална телесна температура кај новороденчиња и бебиња
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку д...
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...