namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Црната чоколада, посебно таа која содржи преку 70% какао, е корисна за здравјето. Какаото е богато со флавоноиди, кои играат важна улога во борбата против срцевите заболувања и ракот. За разлика од повеќето други слатки, чоколадата содржи помал индекс на шеќер, а тоа значи дека обезбедува стабилна енергија, наместо нагол скок на гликозата во крвта, што се случува кога се консумираат намирници со висок процент на шеќер.
Американскиот невропсихијатар David Servan-Schreiber издал книга “Против ракот – нов начин на живот” во која тврди дека новата исхрана и начин на живот можат да го победат ракот. Тој во својата книга, покрај другите корисни намирници за превенција на ракот, ја вбројува и чоколадата. Но, Dr. Servan-Schreiber ja препорачува само чоколадата со висок процент на какао, барем 70%. Таквата чоколада е богата со антиоксиданси и полифеноли, кои го забавуваат растот на раковите клетки.
Према најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Пенсилванија, 22 грама какао во прав и 16 грама горчлива чоколада дневно се доволни за намалување на нивото на холестеролот во крвта за 10%, додека LDL компонентата на холестеролот (одговорна за атеросклерозата) станува помалку осетлива на оксидација. Полифенолите се многу важен составен дел на чоколадата, кои остануваат непроменети во текот на процесот на индустриската обработка на зрното на какао, па имаат битна улога на атиоксиданси во организмот. Антиоксидансите ги штитат процесите во метаболизмот и го ослободуваат телото од штетните слободни радикали. Затоа, се смета дека чоколадата има и превентивно дејство против атеросклерозата, како и против ракот.
Според тоа, 40 грама горчлива чоколада содржи дури 950 милиграми антиоксиданси, колку што содржи и чаша црно вино.Огромната количина на минерални соли од чоколадата овозможува реминерализација, посебно кај професионалните спортисти и лицата изложени на емотивен стрес.
Црната чоколада содржи многу железо, кое е високо концентрирано, па затоа чоколадата им се препорачува на слабокрвните лица и лицата со осетливо здравје.
Чоколадата има многу важна функција и во централниот нервен систем и во метаболизмот Присуството на теоброминот во чоколадото го поттикнува процесот на дишењето и срцевата активност, ја зголемува концентрацијата на серотонинот, кој е одговорен за доброто расположение, и на тирозинот – хормонот на штитната жлезда. Затоа, чоколадата ја намалува анксиозноста, депресијата и ствара пријатни чувства. Чоколадата ја зголемува работната способност, а најновите сознанија говорат и дека нејзините корисни супстанции се добри и за кожата, за надворешна употреба, и тоа во козметичките препарати.
Во многу козметички салони, во последно време, се повеќе има третмани со препарати на база на чоколада. Тие препарати не само што пријатно мирисаат, туку и длабоко ја третираат кожата и даваат одлични резултати во елиминирањето на масното ткиво. Кожата станува мазна, сјајна и мека само после неколку третмани со чокотерапија.
Популарната чоколада може да послужи и како средство за депилација, бидејќи во восокот за отстранување на несаканите влакна се става одредена концентрација на чоколада за готвење.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживув...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?