vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Рингерајки не чекаа да се повика два пати! Веднаш масовно ја поддржаа акцијата, подготвени да дадат дел од облеката на своето дете, дел од неговата храна, играчки и средства за хигиена. Условот беше тие да бидат чисти, испрани и испеглани и добро одржани.
Мајките несебично подарија дел од облеката на своите најмили, дел од нивните играчки, прекривки и секако најубави желби за децата до кои ќе стигне оваа помош.
Во акцијата се вклучија Прехранбената индустрија Витаминка, Горска Вода и Книгоиздателството "Матица".
Пакетите со подароци на хуманите Рингерајки беа однесени во Домот за доенчиња во Битола од страна на Globko Logistik Скопје, а пакетите со подароци на хуманите спонзори и дел од подароците на мајките од Рингераја, беа однесени во училиштето за деца со посебни потреби "Иднина".
Рингераја семејството е големо не само во бројност, туку и во својата душа! Во него чукаат срцата на безброј мајки кои знаат дека оној кој споделува, секогаш има повеќе!
Бидете и Вие дел од ова големо и хумано семејство. Бидете дел од најхуманата и најплеменитата заедница на мајки и жени во Македонија.
Рингераја.мк Ве очекува
Погледнете ги фотографиите:
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...