namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
На иницијатива на Советот на Европа, Стразбург, Европскиот ден на јазиците се прославува секоја година, почнувајќи од 2001 година, на 26 септември.
Низ цела Европа, 800 милиони европејци, застапени во советот на Европа преку 47-те земји членки, се поттикнуваат да учат повеќе јазици, на било која возраст, во и надвор од училиштето.
Тргнувајќи од фактот дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент за придонес во богатото културно наследство на нашиот континент, Советот на Европа промовира повеќејазичност во цела Европа.
Поседувањето на јазични вештини е потреба и право на секој човек – тоа е една од главните пораки на Европскиот ден на јазиците.
Општи цели на овој голем ден за Европските јазици се:
- Да се сочува и подобри богатството на јазична разноликост во Европа.
- Да се прошири опсегот на јазиците кои ги изучуваат луѓето, односно да се зголеми кругот на широко употребувани јазици, што резултира со повеќејазичност.
- Да се информира јавноста за важноста од учење на странски јазици кои помагаат за подобро меѓусебно разбирање на различните култури.
- Да се промовира богатата јазична и културна разноликост на Европа, која треба да ја чуваме и негуваме.
- Да се подигне свеста кај луѓето за потребата од познавање на два или повеќе јазици, со што ќе може до крај да ја одиграат својата улога на демократски граѓани на Европа.
“Оние кои не знаат ништо за странските јазици, не знаат ништо ниту за сопствениот јазик” – Јохан Волфганг Гете
Никогаш немало повеќе можности да се работи или учи во некоја од различните Европски земји, колку денес. Глобализацијата и моделите на бизнисмените налагаат познавање на повеќе јазици, за работа во сопствената земја. Познавањето само на англискиот јазик повеќе не е доволно.
Учењето за странски јазик носи бенефиции кај сите генерации – постарите некогаш не се премногу стари за да научат некој странски јазик и да уживаат во можностите кои ќе им се отворат. Дури и ако знаете само неколку зборови од јазикот на земјата која планирате да ја посетите, тоа ќе ви овозможи да склопите неколку нови пријателства.
Учењето на други јазици ни помага да се разбереме подобро и да ги надминеме нашите културни разлики.
“Патникот кој еднаш излегол од дома е помудар од оној кој никогаш не го напуштил сопствениот праг. Познавањето на друга култура ни помага да ја цениме и љубиме повеќе нашата сопствена” – Маргарет Мид, американски антрополог.
Идејата која стои зад Европскиот ден на јазиците е да се охрабрат луѓето за изучување на повеќе јазици. Ова не е ништо ново, ниту нејасно. Тоа е факт на секојдневието кај многу народи во Африка, Азија и е норма во некои делови на Европа, особено во Бенелукс и Скандинавија, а исто така и околу Средоземното Море.
И тоа не подразбира застрашување на луѓето дека треба да го говорат странскиот јазик како мајчин. Целта е да бидат способни да комуницираат и да можат да се разберат, во зависност од сопствените потреби и барања.
На прославата свое учество зедоа амбасадите на неколку Европски земји, меѓу кои:
- Британски совет - покровител на настанот
- Словенечката амбасада
- Француската амбасада
- Германска амбасада
- Италијанска амбасада
- Хрватска амбасада
- Холандска амбасада
кои имаа свои штандови и на најдобар можен начин ги претставија своите земји.
Деца од Детскиот креативен центар ја изведоа театарската претстава Јазикот - прозорец кон светот, според текст на Барбара Синадиноска и режија на Соња Стамболџиева.
На сцената ги видовме настапите на словенечкото друштво Франце Прешерн, претставници на Гете Институт, претставници на Институт Данте Алигиери, деца од О.У. 11 Октомври, претставници на Хрватска Амбасада, претставници на Британски совет, деца од ОУ. Коле Неделковски, деца од ОУ. Димитар Миладионов.
Сите уживавме во топлото сонце, прекрасната прослава и звуците на музиката на различните европски јазици.
Си заминавме побогати за едно збиднување, со исполнети срца заради распеаните и разиграни дечиња и со надеж дека ја подигнавме свеста за важноста од учењето на странски јазик.
Живеете нов живот, со секој нов јазик на кој зборувате!
Ако знаете само еден јазик, живеете само еднаш!
Уживајте во сликите и видеото!
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?