Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Што е маститисот?
Маститисот претставува инфекција на дојката и се изразува во воспаление на млечните жлезди. Веројатноста и двете гради да се воспалат истовремено е минимална. Болеста е карактеристична за доилки. При појава на некои од симптомите на маститис, потребен е задолжителен преглед со цел навремено да бидат преземени мерки. Дури и ако не станува збор за сериозно заболување, важно е маститисот да се лекува навреме, за да не се претвори во апсцес. Обично гноен маститис настапува по прекин на доењето, ако се појавил, а не е навремено лечен.
Што го предизвикува маститисот?
Обично инфекцијата се појавува при запушени млечни канали, мали ранички, модринки, или лупење на кожата околу брадавицата. Можно е инфекцијата на навлезе во жлездите на млечните канали без да има мали ранички. Главната причина за појава на маститис е задржувањето на млеко во градите, или неправилното доење. Намалениот имунитет е исто така значаен фактор во појавата на маститис. На маститисот влијаат стресот, анемијата, неправилната исхрана, а може да е последица на носењето на премногу стегнат градник.
Иако ретко, од маститис може да страдаат и мажи, а причините се кријат во намалена функција на тестисите и болести на црниот дроб. Маститисот кој се појавува во фаза на адолесценција, обично се должи на хормонални нарушувања.
Симптоми на маститис
Родилки, кои за прв пат во својот живот дојат, се особено заплашени од болеста маститис. Уште во првите денови по породувањето може да се појави т.н. застоен маститис, предизвикан од недоволната циркулација на млекото. Во овој случај симптомите се набрекнати гради, болка при допирање на градите, проширување на поткожните вени, напната кожа, црвенило. Постои веројатност т.н. застоен маститис да се претвори во гноен . Следува покачување на телесната температура, истекување на млеко, замор, вртоглавица. При појава на маститис доењето станува непријатно и болно, така што задолжително побарајте медицинска помош.
Како се лекува маститис?
По потреба се прави ехо-преглед на дојка за да се утврди со сигурност болеста, да се види отокот на млечната жлезда и да се преземат соодветни мерки. Ако доите, многу е важно бебето да го исцица млекото, или Вие да го измолзете остатокот, за да не се задржува млеко во градите. При гноен маститис потребна е хируршка интервенција.
Една од заштитните мерки против оваа болест е подготовка за доење, неколку недели пред породувањето. Потребно е по секое доење да ги измиете брадавиците бидејќи при присуство на мали ранички може да се појави инфекција.
По започнувањето на третманот за лекување на маститис не е потребно да го прекинете доењето. Дури доењето на секои два часа ќе Ви помогне болеста да не се развие во гноен маститис. Непријатното чувство и болката во градите ги тера некои жени да се откажат од доење. А всушност доењето претставува еден од најефикасните третмани за лекување на маститис. Болеста не води до загадување на мајчиното млеко, како што веруваат многу жени, така што не брзајте со одлуката за премин на вештачка храна. Постои веројатност млекото да стане погусто, но секако е добро за бебето. Само во одделни случаи мајчиното млеко може да содржи гној или крв.
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?