Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Изгледало како семејна трагедија – бебето е прогласено за мртво откако се родило во болницата во бразилскиот град Лондрина. Медицинската сестра која асистирала на породувањето немала срце да го стави малечкото тело во мртовечница, туку го ставила во кутија на олтарот во болничката капела.
Мајката Џенифер била вон себе. Таткото Cleverson Carlos ја дознал трагината вест додека чекал во ходникот. Потоа отишол во капелата.
“Го видов безживотното тело на моето мало девојче. Не можев да стојам таму и истрчав со солзи надвор од капелата”.
По нешто помалку од три часа по девојчето дошла нејзината баба Elza Silva заедно со семејната пријателка Rosilis Ferro и заедно отишле по мртвото тело на бебето. Меѓутоа веднаш откако го зеле во прегратка, бебето ја помрднало ногата.
“Не можев да верувам, тоа беше многу емотивен момент, почнав да се тресам”, рекла Rosilis Ferro и додала дека веднаш ја викнале медицинската сестра.
Таа не верувала дека малата е жива и мислела дека се работи за посмртен грч. А тогаш малата Јасмин ги отворила очите, рекла Ferro , која веднаш почнала да ја гушнува и бабата Elza од радост.
“Твоето бебе е живо” истрчал некој во собата на мајката Џенифер, која била опкружена со семејството кое ја тешело и почнало да ја извикнува радосната, чудесна вест
“Не знаев што да мислам, мојата реакција изостана. Но пота не можев да ја совладам сопствената среќа”, се потсети мајката на тие неверојатни моменти.
Детето било веднаш пренесено на интензивна нега, во друг одделение и неговата состојба е прогласена за стабилна. Докторите и сестрите не можеле да веруваат што се случува.
“Беше мртва, ве уверувам, сите нејзини витални знаци покажуваа потполно отсуство на живот”.
“Знам дека сите за овој случај ќе имаат свое мислење, но само ние сме тие кои знаеме што се случи. Во 20 годишната медицинска пракса не сум видел ништо слично”, изјавил за новинарите доктор Aurelio Filipak кој заедно со својот тим безуспешно се борел за животот на девојчето еден час откако престанало да дише.
Мајката Jennifer Gomez објаснила дека враќањето во живот на нејзината ќерка е Божјо чудо и тоа и е сосема доволно.
“Чудата можат да се објаснат. Се случуваат кога Бог ги сака. да беше негова волја таа да умре, ќе морав да го прифатам та. Но ТОЈ ја врати во живот, што на сето ова му дава некаква подлабока смисла”, рече мајката и додаде дека на својата ќерка ќе и даде второ име Victoria (Победа), за да го одбележи нејзиното враќање во живот.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Дохраната е возбудлив момент за секој родител бидејќи бебето започнува...
Среќата не е нешто што ќе ни го подари некој друг, ниту нешто што ќе с...
Како родителството ја менува динамиката на врската?
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една...
Влијанието на исхраната врз имунолошкиот систем
Имунолошкиот систем е нашиот „телохранител“, сложен механизам кој не ш...
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и ...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?