|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Крушата - супер овошје!

Редакција Рингераја, 21.10.2021
Крушите се одличен извор на влакна, а освен нив, исто така, содржат витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и фолна киселина и ниацин. Ова овошје е богат извор на бакар, калиум и фосфор, а во помали количини содржи и железо, магнезиум, натриум и сулфур

image
/11


Уште од мали знаеме дека овошјето е многу важно за целокупното здравје, а една од најпознатите корисни овошки за човечкиот организам се дефинитивно крушите. Круша е овошје  со големина како и јаболката, но за разлика од неа, крушките имаат кора која потешко се лупи и може да биде жолта,  зелена, кафеава, црвена или дури и комбинација од сите овие бои.

Ова овошје е обично со сладок, сочен и многу сладок вкус, а најпозната е кинеската круша, која исто така има и најмногу лековити својства. Круши може да се најдат во текот на целата година, но сепак, највкусни се токму во овој период, есента.


Хранлива вредност

Крушите се одличен извор на влакна, а освен нив, исто така, содржат витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и фолна киселина и ниацин. Ова овошје е богат извор на бакар, калиум и фосфор, а во помали количини содржи и железо, магнезиум, натриум и сулфур.


Здравствени придобивки од конзумирањето на круши

Крушите се хипоалергично овошје кое содржи многу влакна, па затоа и тоа ретко предизвикува алергиски реакции. Сокот од круша е одличен за новороденчиња, првенствено затоа што има благ вкус, но, и заради големиот број здравствени придобивки кои ги носи со себе.

Исто така, докажано е дека крушите се одличен регулатор на крвниот притисок, бидејќи во својот состав имаат антиоксиданси и антиканцерогени состојки кои ја спречуваат појавата на покачен крвен притисок и срцев удар.

Крушата може да се пофали и со тоа што содржи состојки кои ја спречуваат појавата на рак- високото ниво на витамин Ц и бакарот го намалуваат нивото на слободните радикали во телото, на тој начин спречувајќи оштетување и заболување на клетките. Пектин е уште една корисна состојка со која се богати крушите, а која делотворно го намалува ризикот од појава на лош холестерол.

Крушата има и исклучително позитивно влијание на дигестивниот тракт– хранливите влакна кои се содржат во крушата се одлични за здравјето и функционирањето на дигестивниот тракт, затоа што можат да помогнат во спречувањето на појава на рак на дебелото црево. Исто така крушата е одличен сојузник  против опстипација (запек)- пектинот е диуретик и има  благ лаксативен ефект, кој ги стимулира цревата и овозможува правилно варење на храната.

Крушата е богат извор на глукоза и фруктоза, кои брзо го зголемуваат  нивото на енергија во човечкото тело . Се верува и дека најбрз начин за намалување на телесната температура е консумација на свежо исцеден сок од круши. Крушата помага во зајакнување на имунитетот– антиоксидансните состојки на крушите го зајакнуваат имунолошкиот систем , па се препорачува јадење на круши или пиење на сок од круши, особено сега, во сезоната на настинки и грипови.

Крушите имаат и смирувачки ефект во процесот на ослободување од болка, при разни воспаленија.

Сите бремени жени во текот на бременоста треба да го зголемат внесувањето на фолна киселина, со цел да се спречи појавата на некои можни деформации на плодот. Крушите се богати со фолна киселина, па затоа лекарите препорачуваат консумирање на круши во текот на бременоста .


Совети за консумирање круши

При купувањето, секогаш одберете ги поцврстите круши со потемна боја. Потоа оставете ги да отстојат неколку дена, додека не омекнат. Крушите чувајте ги подалеку од храната која има интензивен мирис како што е  кромидот, бидејќи ова овошје може лесно да го превземе мирисот од другата храна.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Осип после висока температура
Розеола, исто така позната како шеста болест (exanthem subitum и roseola infantum) е вирусна болест кај мали деца. Се ка...
5
Навикнување на бебето на цврста храна
Штотуку се навикнавте да го доите/храните со адаптирано млеко вашето бебе, на ред е нов предизвик: навикнување на бебето...
3
Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
3
Чекор по чекор - без дубак
Децата кои извесен период поминале во стојалки често паѓаат кога проодуваат, бидејќи не ја совладале рамнотежата, затоа ...
3




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?