|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајка која престана да дои по 12 години

Kirrilee Heartman, 4.12.2014
Пред петнаесет години станав мајка за прв пат и моето патување со доењето започна. Низ раѓањето на пет деца и со мали паузи меѓу бебињата, јас дојам веќе дванаесет години. И сега на тоа патување му дојде крајот...
Клучни зборови:

image
/11


 

Доев во автобуси и возови, во коли и авиони. Доев додека одев на пазарење, додека гледав филмови, додека се превртував во креветот читајќи книга. Доев на плажа, доев и додека седев на палуба гледајќи ги делфините како си играат на оддалеченост од неколку метри. Доев штотуку родени бебиња, стари само неколку часа и три годишните синови кои само што ќе ме видеа бараа да ги дојам.

Доев деноноќно, на неудобен кревет и седејќи на мало столче, кога моето бебе беше сериозно болно во болница. Сега кога последното бебе има две ипол години во негов стил (различен од неговите браќа и сестри), тој го иницира процесот на одвикнување. Со месеци наназад, дискретно се обидував да го редуцирам ноќното доење, но сега Робин го презеде водството и ги зеде работите во свои раце.

Често бараше доење, местејќи се себеси во позиција, кажувајќи ми без зборови што сака. Но, од пред една недела, почна да цица само по неколку секунди, а потоа ме гризеше. Ова се случуваше неколку недели.

Заспивањето веднаш стана прашање број еден. Како ќе го заспијам ако не го дојам? Тука настапи мојот сопруг, пеејќи му на Робин додека заспие, или нишајќи го во раце, за да биде подалеку од моите гради. Во средината на ноќта, Робин доаѓаше до мене и почнуваше да цица. Не ме гризеше.

Пред неколку дена, Робин дојде сам до дневната соба, по долгото денско преспивање. Седна во мојот скут и доењето започна. Ми застана здивот, во пресрет на постапката, но тој беше во состојба на сон. Не траеше долго – само неколку минути, кога потполно се разбуди. Знаев дека тоа ќе биде едно од последните доења. Гледав надолу, во неговата рака која заштитнички ја држеше мојата града и во блажената насмевка на неговото слатко лице. Ми се чинеше дека добива многу повеќе од млеко во тој момент. Тоа беше свесна љубов кон доењето, свесно уживање во нашата комбинирана енергија и љубов кон вкусот на млекото.

Неговите очи ги пронајдоа моите и споделивме момент на љубов и неизмерна среќа. Тоа изгледаше како да сака да ми признае дека доењето беше нашето прекрасно патување: нежна интимност и поддршка во најтешките времиња.

Минатата ноќ не се заврти накај мене и не ја побара дојката воопшто. Не сум го доела веќе еден ден и половина.

Се сеќавам на сите години кои ги поминав во доење, колку пати се чувствував како заробена, колку беше тоа искуство понекогаш болно, особено кога имав маститис. Но задоволството кое доаѓа од сознанието дека вашето тело храни еден нов живот, можноста да се утеши бебето кога е болно и моментот на таа најнежна врска, се над се. 

Робин беше на ексклузивно доење дванаесет месеци. Дванаесет месеци! Кога беше болен и кога го доев само неколку секунди пред следното кашлање, бев толку решена да дојам и дека тоа најмногу ќе му помогне. Среде болничките услови, свиркањето на машините  и бескрајниот мониторинг врз моето бебе, доењето беше најважното нешто во тој период.

Бев толку среќна и толку благословена што дојам. На многу начини, престанокот на доењето е олеснување: тоа е заморно, ограничувачки и одзема многу енергија. Но, крајот на доењето претставува почекот на нова фаза – нов начин на поврзување со Робин, кој сеуште не сме го утврдиле. Дали се уште ќе бидеме толку блиски? Што ќе стане со нашето специјално време? И повеќе од тоа – ова е крај на бебешките години – која ќе бидам сега, откако ќе престанам да дојам? Навистина не знам. Перспективата е возбудлива и застрашувачка истовремено.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Фото: Изглед на столицата кај доени бебиња
Во прилог е сликовит приказ како треба да изгледа нормална столица кај доени бебиња, како да знаеме дали бебето е гладно...
4
Стриите избледуваат со помош на мајчино мл...
Дали сте слушнале за ваков обид – избледување на стрии со мајчино млеко? Звучи по малку смешно а можеби се работи за нач...
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?