|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајчиното млеко штити од СИДА!

Редакција Рингераја, 18.6.2012
Анти-вирусниот ефект на мајчиното млеко може да ги заштити бебињата од вирусот на сида, покажуваат истражувањата

image
/11


 

 

Испитувањата на лабораториски глувци инфицирани со ХИВ покажа дека иако некои од нивните потомци се заразиле со вирусот, мајчиното млеко имало силен антивирусен ефект врз нив.

Повеќето од младенчињата кои биле доени од инфицирана мајка не добиле ХИВ инфекција и покрај нивната постојана изложеност на истата.

Лидерот на студијата Д-р Виктор Гарсија од Универзитетот во Северна Каролина во САД рече: “Оваа студија нуди значаен увид во неверојатната способност на мајчиното млеко да го уништи вирусот на ХИВ, или да го спречи неговото ширење.”

“Ниедно дете не би требало да се зарази со ХИВ преку доење. Доењето го намалува ризикот од заболувања, овозможува исхрана со најважните нутритиенти и штити од други инфекции, посебно во местата каде чистата вода за подготовка на адаптирано млеко е дефицитарна.”

Разбирањето на тоа како ХИВ се пренесува на бебињата и децата и покрај заштитното дејство на мајчиното млеко, ќе ни помогне да ја затвориме оваа важна врата за ширење на сидата.

Научниците го спроведоа своето истражување врз генетски модифицирани, хуманизирани глувци кои можат да се здобијат со ХИВ на ист начин како и луѓето. Кога на глувците им бил даден вирусот на СИДА во мајчино млеко, тие не биле заразени.

Овие откритија се објавени во интернет журналот Public Library of Science Pathogens.

Авторот на студијата Д-р Ангела Вал рече: ”Овие резултати се многу значајни затоа што покажуваат дека мајчиното млеко може целосно да го блокира оралното пренесување на двете форми ХИВ кои се наоѓаат во мајчиното млеко од ХИВ инфицираните мајки – честички на вирусот и вирусно инфицирани клетки. Ова ја побива хипотезата “Тројански коњ” во која се вели дека вирусот на ХИВ во клетките е потврдоглав од одбрамбената моќ на телото отколку ХИВ вирусот во честички.”

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и јаболко
Здрава и вкусна кашичка, одлична за бебиња постари од осум месеци
4
Зошто е морето толку здраво?
Освен морските специјалитети, пливање и трчање по песокта, морето е лековито и ако само седите на плажа и ги набљудувате...
4
Нежно лекување и хигиена на носот
Благодарение на солите кои се содржат во Нисита, во носот се создава и одржува влажна средина што доведува до брза реген...
3
Филип Циглењак-Симоновски дете од соседството
Пред неколку години на малиот Филип Циглењак-Симоновски случајно му биле понудени платно и акрилни бои за сликање кон ко...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?