|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајчиното млеко и предвреме родено бебе

Редакција Рингераја, 30.6.2010
Докосахексеноичната киселина (DHA) – омега3 –масна киселина која се наоѓа во мајчиното млеко е од суштинско значење за растот и развојот на мозокот на бебињата.

image
/11


Предвреме родените бебиња имаат дефицит на DHA бидејќи го пропуштиле третиот триместар во мајчината утроба кога омега3 – масните киселини се акумулираат во ткивата. Докосахексеноичната  киселина (DHA) – омега3 –масна киселина ја има во лососот, туната, скушата, харингата и срделата, исто така ја има и во некои продукти од морски алги. Консумирајќи ја оваа храна, мајките го надоместуваат недостатокот од омега3 – масните киселини во мајчиното млеко.

Мајките на 12 бебиња, родени во 29 гестациска недела и порано, кои планирале да дојат, добивале високи дози на DHA до 36-тата недела од зачнувањето. Истражувачите ги споредиле нивоата на DHA во мајчиното млеко и плазма липидите кај мајките и бебињата од раѓање до 49 контролен ден, со резултатите на мајките кои не примале DHA додатоци. Резултатите покажале дека DHA  нивото во мајчиното млеко, кај мајките кои примиле дополнувања е речиси 12 пати поголемо од нивото на DHA на мајките во контролната група. Во согласност со резултатите научниците дале итна препорака да се зголеми нивото на DHA во мајчиното млеко, исклучително важно за оптимален раст и невролошки развој за предвреме роденото бебе.

Една нова студија на Американската медицинска асоцијација сугерира дека давањето на омега3 масните киселини на недоносеното бебе, може да помогнат во спречување на ментална ретардација. Австралиските доктори решиле да извршат испитување и да проверат дали навистина се намалува стапката на ментална ретардација кај бебињата кои примале DHA преку мајчиното млеко.

Докторите се фокусирале на 657 бебиња родени пред 33-та гестациска недела, околу 7 недели пред крајната граница за пораѓај. Лекарите ги поделиле предвреме родените бебиња, по случаен избор и едната половина ја хранеле стандардно, а другата со зголемени концентрации на DHA во мајчиното млеко. На мајките им дале капсули од 500 мг. рибино масло.

Развојот на бебињата бил следен во текот на 18 месеци. Докторите не нашле никаква разлика во стапката на ментална ретардација кај машките деца. Но прерано родените девојчиња, хранети со зголемено количество на DHA во мајчиното млеко, покажале за 5 поени повисок тест од девојчињата во контролната група, што би значело намалување за 55% на лесни ментални ретардации. Истражувањата потврдиле дека предвреме родените девојчиња имаат помал ризик  за компликации отколку момците.

Студијата вклучувала само недоносени бебиња и не важи за бебињата родени навреме

Австралиските доктори докажале дека не постојат несакани ефекти од примање DHA. Бебињата родени предвреме ги пропуштаат придобивките од DHA во матката на мајката, а кои можат да помогнат во развојот на нивниот мозок во критичните недели од бременоста. Потврдија и дека нивото на DHA кај предвреме родените доени девојчина е исто како кај бебињата родени во термин. Врз основа на овие заклучоци воведена е исхрана со DHA на мајките на предвреме родени бебиња, во некои од болниците во Австралија.

Но, потребно е да се направат многу посериозни испитувања пред да се препорача лососот и другите DHA додатоци, како неминовни во исхраната на мајката на предвреме роденото бебе.

Постојат многу причини за да го доите Вашето предвреме родено бебе. Доењето е нешто што нема да можете да го замените со ништо друго. Ползата од доењето е многукратна, а последиците од не доењето може да бидат долготрајни.

Обидете се да го одржите вашето млеко додека е вашето малечко бебенце во болница. Знаеме дека патот ќе биде макотрпен, со многу искушенија и навидум непроодни патишта, но дајте се од себе! И нашиот форум можи да се пофали со мајка која го одржала млекото додека нејзиното најмило се борело за живот, како единствена помош која можела да му ја понуди во борбата со очајот и неизвесноста. Мамички, само преку вашето млеко на бебето му давате и храна и љубов и лек!

Искуството на мајките на предвреме родените дечиња може да го прочитате на нашите форуми тука

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3
Дознајте каква боја на очи ќе има Вашето д...
Изгледот на детето секако зависи од комбинацијата на генетскиот материјал од родителите. Родителските гени се мешаат, а ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?