|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Колку вода треба да пиеме на ден?

Промедика, 5.9.2018
Колку вода треба да пиеме зависи од нас самите и од факторите кои влијаат на потребата за вода. Телото содржи околу 60 % вода. Вода постојано губиме, пред се со урината и потењето. Се препорачува да се пие 8 чаши вода на ден, околу 2 литри

image
/11


Некои препорачуваат да пиеме вода постојано во тек на денот. Најважно е да останеме добро хидрирани.

Никој не може да ни каже колку вода ни треба. Како и со другите нешта, ова е индивидуално. Некои луѓе подобро функционираат со повеќе вода од вообичаено, на други им пречи почестото одење во тоалет.

Водата го зголемува нивото на енергија и ја подобрува функцијата на мозокот. Ако не сме доволно хидрирани, нивото на енергија и мозочните функции страдаат. Дехидрацијата дава ефекти дури и при губиток на 2% од телесната вода. Ова се случува кога многу се потиме, при вежбање или при горештини.

Дехидратацијата негативно влијае на физичките способности, се намалуваат издржливоста и мотивацијата, вежбањето се чувствува многу потешко, физички и ментално. По вежбањето се намалуваат расположението и концентрацијата. Оптималната хидрација го намалува оксидативниот стрес кој се јавува во тек на интензивно вежбање (мускулите се околу 80% вода). Затоа, ако интензивно вежбаме и се потиме важно е да останеме хидрирани.

 

1

 

Дехидратацијата негативно влијае на мозочните функции, се менуваат расположението, концентрацијата, помнењето, се јавува анксиозност. Мозокот е силно повлијаен од статусот на хидрација. Дехидрацијата може да "откочи"  главоболка и мигрена и да влијае на интезитетот и времетраењето.

Зголемен внес на вода добро влијае на некои здравствени проблемиОпстипација (запек) е чест проблем, зголемен внес на вода секогаш се препорачува како дел од третманот.

Бубрежни каменчиња. Зголемен внес на вода го намалува ризикот за каменчиња во уринарниот тракт. Висок иот внес на вода го зголемува волуменот на урина, се разредува концентрацијата на минерали и тие помалку кристализираат за да формираат каменчиња. Обилен внес на вода превенира рекуренција кај лица кои претходно имале каменчиња.

Водата помага побрзо да се надмине мамурлакот по пиење на алкохол. Алкохолот е диуретик и губиме повеќе вода отколку што сме внеле. Ова води до дехидрација, сува уста, жед, главоболка и слабост. Добар начин да се ублажи оваа мачна состојба е да се пие една чаша вода помеѓу два алкохолни пијалоци и да се испие една голема чаша вода пред спиење.

Внес на други течности и храна која содржи вода исто така допринесува за балансот на течности. Кафето и чајот поради кофеинот се сметаат за диуретици. Но нивниот диуретски ефект е многу слаб. Храната содржи значителна количина вода, 20-30% од водата ја добиваме преку храната. Зеленчукот и овошјето содржат 80-90 % вода. Неочекувано богат извор на вода се тестенините оризот, јајцата, рибата, морските плодови.

И повторно се прашуваме, колку вода е доволно вода? Верувајте му на чувството за жед.Одржување на балансот на вода е есенцијално за преживување. Еволуцијата создала сложен механизам за регулација кога и колку да пиеме. Жед се јавува кога вкупната вода во телото падне под одредено ниво. Ова е контролирано со посебни механизми и ние не треба свесно да мислиме за внесот на вода. Инстинктот за жед е многу сигурен и не одржува живи. Одредени состојби (при зголемено потење) бараат зголемен внес на вода. Внесот на вода треба да се зголеми и при доење како и при болести со повраќање и диареа. Постарите лица треба свесно да внимаваат на внесот на вода; механизмот за жед е нарушен кај постари.

 

Пишува д-р спец. Маја Милованчева - Поповска, интернист-нефролог

 

logopromedika

Насоки за сигурно спиење на бебињата
Како што сугерираат од Американската Академија на Педијатри, следните 10 мерки на претпазливост можат да го спасат Вашет...
5
Здрави варива во исхраната на децата
Кога се варивата во прашање се истакнува оптималноста на нутритивни компоненти и умерената калориска вредност во еден об...
4
5 совети за мирна ноќ со бебето
Дали веќе сте уморни од непроспиените нoќи и чувствувате дека немате повеќе сила? Послушајте ги нашите совети и помогнет...
4
9 природни лекови против грип и настинка
Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А сезонскиот грип е нешто што мно...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Дали?
Jana9

Дали сте романтична личност?

ДА (50%)

Не (0%)

Понекогаш (50%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!