|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што сe знае новороденчето?

Редакција Рингераја, 13.2.2026
Иако изгледа мало и беспомошно, новороденчето доаѓа на свет со изненадувачки многу вродени способности. Тоа не „почнува од нула“. Неговиот мозок и сетила веќе активно работат уште од првите моменти по раѓањето.

image
Фото:Canva/Новороденчето не го разбира светот преку зборови, туку преку допир, мирис и глас.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


1. Го препознава гласот на мајката

Новороденчето го слушало гласот на мајката уште во утробата, па реагира посмирено кога го слуша познатиот тон. Често се смирува побрзо со мајчиниот глас отколку со било кој друг

Гласот е првата емоционална врска.

 

2. Чувствува допир и безбедност

Допирот е едно од најразвиените сетила. Преку него ја препознава топлината, реагира на кожа на кожа контакт и се смирува кога е гушнато

Затоа контактот „кожа на кожа“ е толку важен по раѓањето.

 

3. Има вродени рефлекси

Новороденчето знае да: цица, голта, фаќа со дланката и го врти главчето кон допир таканаречен рефлекс на пребарување.

Овие рефлекси се клучни за преживување.

 

4. Ги препознава мирисите

Новороденчето најдобро го препознава мирисот на мајката кој му помага да ја најде градата. Овие познати мириси му даваат чувство на сигурност.

 

5. Разликува светло и темно

Иако видот е сè уште неразвиен гледа најдобро на растојание од 20 до 30 см, препознава лица и контрасти и реагира на силна светлина.

 

6. Чувствува емоционална состојба

Новороденчето реагира на напнатост или смиреност, чувствува ритам, тон и енергија. Не ги разбира зборовите, но ја чувствува емоцијата.

 

7. Има сопствен ритам

Иако спие многу новороденчето има моменти на будност, реагира на дневно-ноќниот ритам и постепено учи кога е време за активност, а кога за одмор.

 

И она што не знае е во ред за новороденчето

Новороденчето не знае да се смири само, не знае да манипулира и не се разгалува со галење и посветена нежност. Сè што му треба е вербален контакт, допир и присутност.

 

Новороденчето знае да чувствува, да препознава и да се поврзува. Не му треба совршен родител, туку присутен, нежен и трпелив. Со време, токму таа сигурност станува основа за здрав емоционален развој.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Недостаток на сон по породување
Периодот по породувањето носи сериозен недостаток на сон. Прекинати ноќи, хранења на секои неколку часа и постојана будн...
4
Како расте бебето во првата година од живо...
Првата година од животот е период на неверојатно брз раст и развој. За само дванаесет месеци, новороденчето поминува пат...
3
Ладна – погодна за подготoвка на храна за ...
Грижата за децата знае да биде многу стресна и напорна, особено кога е во прашање правилниот избор на храна и вода
3
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да ги разбира зборовите.
3




Анкета

koe ime e poubavo
marinka80

koe ime e poubavo ?

aleksandar (54%)

nikola (46%)


Број на сите гласови: 228

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!