|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Амниоцентеза, хорион-биопсија и кордоцентеза - Како се изведуваат?

Редакција Рингераја, 15.3.2023
Пренаталната дијагностика е збир од дијагностички процедури кои овозможуваат да се постави дијагноза на аномалии пред раѓањето - во раните фази на бременоста, што дава можност за навремен прекин со најмал ризик за жената

image
/11


 

1. Амниоцентеза

Амниоцентеза е инвазивно истражување и се состои од земање на амнионска течност при зголемен ризик од генетска болест на фетусот. Се издава од гинеколог при резултат од првиот комбиниран скрининг на бременоста над 0,4% (1: 250), генетски болести во семејството, ултразвучни отстапувања од нормалниот развој на плодот. Задолжително е согласност на бремената жена и нејзиното семејство. Препорачливо е одржувањето и на генетска ситуација со специјалист.



Амниоцентеза дава можност за поставување на дијагноза со веродостојност речиси 100% при хромозомски и некои наследни заболувања. Практично, истражувањето не носи ризик за фетусот.



Најсоодветниот рок за извршување на истражувањето е меѓу 15 и 20 гестациска недела. Амниоцентеза пред 15 г.с. се нарекува рана и е тешко да се имплементира, бидејќи е потребно да се има доволно количество амнионската течност, за да можат да бидат земени барем 20 мл потребни за анализа.



Како се врши амниоцентеза?

Манипулацијата трае околу 10 минути. Не е болна и не носи ризик за фетусот и идната мајка. Бремената жена се става лежи на грбот. Однапред и се објаснува потегот на дијагностички процедури. Се спроведува ултразвучен преглед – се утврдува местоположбата на  фетусот, поставеноста на плацентата, се одредува количеството на амнионската течност. Се избира местото за пункција и се чисти темелно со раствор за дезинфекција. Лекарот работи задолжително со стерилни инструменти и ракавици.



Под ултразвучна контрола се продира до амнионската празнина со специјална игла, при што се преминува постојано во предниот абдоминален ѕид и ѕидот на матката. Задолжително е патот на иглата да не ја поминува плацентата. По паѓање во амнионската меур се аспирира 15-20 мл течност, која  содржи амниоцити. Токму тие се предмет на генетска анализа, бидејќи се со потекло од  фетусот.

По пункција пациентката останува легнала во текот на два часа. Следниот ден се одржува контролен ултразвук преглед на виталните знаци на фетусот и количеството на амнионска течност.



Резултатите од истражувањето се добиваат по различен временски период. При анализата на ДНК пристигнуваат по 3 до 4 дена, а кај цитогенетична анализа се потребни повеќе од 2 недели.



2. Хорион - биопсија

Хорион-биопсијата е инвазивно истражување во раната бременост. Се спроведува по 8 г.с. Предноста  пред амниоцентеза е можноста за рано прекинување на бременоста кај навремено откривање на генетски аномалии. Индикации за спроведување се возраста на бремената жена над 35 години, возраст на таткото над 50 години и деца од фамилијата или претходни бремености со генетски болести.



Како се спроведува истражувањето?

Бремената жена е легната. Лекарот работи со стерилни инструменти и ракавици. Се дезинфицира вулвата и вагината. Однапред се прави ултразвучен преглед - како кај амниоцентеза. Со тенок катетер се минува низ цервикалниот канал до постигнување на плацентата. Се аспирира  материјал за генетски истражувања и се праќа во генетска лабораторија. Бидејќи плодот потекнува од зигот (добиен како резултат на оплодувањето на јајцеклетката и сперматозоидите), се смета дека тие носат иста генетска информација.



По манипулацијата жената останува во легната положба 2 часа. Следи редовен  ултразвук на фетусот. Хорион-биопсијата може да се изврши и трансабдоминално. Ризикот од прекин на бременоста кај ова истражување е повисок од амниоцентеза.



3. Кордоцентеза

Методот се применува по 20 г.с. Техниката на кордоцентезата е слична на амниоцентеза, но се зема материјал од папочната врвца. Од неа се аспирира 1-2 мл крв кои се испраќаат за генетски истражувања.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Правилна исхрана во 3-от триместар од брем...
Откријте која храна ви треба вам и е потребна за развој на вашето бебе во третиот триместар од бременоста ...
5
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
4
Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?