Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Сигурно сте слушнале за еден од најважните хормони наречен окситоцин. Хормонот има голем број на позитивни ефекти врз интеракцијата меѓу мајката и бебето и учествува во голем број на важни процеси.
Највисокиот врв на окситоцин во животот на една жена е точно откако ќе се роди бебето.
Кога ќе се направи контактот кожа со кожа се зголемува лачењето на окситоцин. Таквите моменти можат да бидат првата прегратка на мајката со детето, или додека таткото ја држи раката на својата партнерка пред, за време или после породувањето.
Кога ќе се наближи времето за раѓање некои жени избираат да им биде ставена епидурална анестезија, за да ги намалат болката. Окситоцинот има способност да го зголемува прагот на болката, што значи дека може и да не е потребна епидурална анестезија.
За производство на млеко голема улога игра хормонот на млекото - пролактин. Лачењето на пролактин до одреден степен е во зависност од нивоата на окситоцин. Нивоата на овие два хормони се силно взаемно зависни за време на доење.
Окситоцинот е оној хормон кој им помага на мајките да комуницираат со своите бебиња, особено во првите денови. Нивото на хормонот е во корелација со големината на интеракцијата помеѓу мајката и бебето.
За време на раѓање лачењето на окситоцин предизвикува проширување на цервиксот и вагината, а исто така и ги зголемува последователните контракции.
Окситоцинот се ослободува во импулси. Кога бебето цица ги активира овие импулси, што го подобрува лачењето на млеко.
Постојат голем број на фактори кои можат да влијаат негативно на излачувањето на окситоцин. Еден од нив е стресот. Стресот може да го потисне неговото лачење. Но кога чувствувате поддршка од својот сакан, од блиските и сте опкружени со една мирна средина, можете да уживате во придобивките на хормонот.
6
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали во бременоста треба да пиете повеќе течности?
Поголемата жед во бременоста не е необична. Телото постепено се приспо...
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...