|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Dunja RR: Мојата породилна приказна

Dunja RR, 21.1.2015
Солзите течат додека го пишувам ова, кое го потиснав во некое забаталено ќоше од мојата глава. Можеби така е подобро. Можеби заради тоа ми требаше толку време за да ја напишам својата приказна

image
/11


 

Можеби не сакав да се вратам во деновите на грижа за моето момче. Но еден ден, на мојот син ќе му раскажувам една друга приказна, таа од пред породувањето. Приказна за големината на мојата желба. Приказна која е посебна...

 

Детали

Ник: Dunja RR

Датум на породување: Јуни, 2014

Тип на породување: царски рез

Број на денови во болница: 10

Болница: Ѕвездара

Оцена на болницата: 4

Коментар за оцената: 5 на мојот доктор Бојовиќ

 

Приказна за моето породување

Бременост. О да, прекрасна бременост. Лесна. Активна. Без проблеми, доколку не го сметаме секојдневното боцкање со fraxiparin и трудничкиот дијабетес. Отеков десетина дена пред породување, отоците со себе донесоа и зголемен крвен притисок, па ме сместија малку порано во болница. Породувањето беше планирано за 13.06. иако терминот беше 25.06. Планиран царски рез, пред се заради карличната положба – господинот немаше намера да се сврти. Заради притисокот пиев Метилдопа секој ден, бев на редовна терапија со диета, па го доведовме притисокот колку-толку во нормала. Метилдопата тотално ме замелуши, па ги преспав неколкуте денови пред породување. Да не го симневме притисокот и порано ќе ми направеа царски рез. Тоа утро бев прва на програмата. Ме здрма трема кога ме однесоа со своите работи до салата. Тотална анестезија (иако сакав спинална, но рекоа дека не може заради крвната слика)...

Се будам. Мојот доктор е тука и кажува дека породувањето поминало добро, но сум изгубила малку повеќе крв, па морам на трансфузија. Прашувам за бебето – вели дека не е се баш како што треба. Бебето е големо, со тежина од 4200 гр., но незрело. Не почнал да дише веднаш, па морале да го стават на кислород. Го следат, се надеваат дека ќе биде добро. Стравот се вселува во мене. Неподвижна сум, не можам ништо да направам, не можам да појдам до него. Да го видам, да го допрам. Да му кажам дека мора да биде добро. Дојде маж ми и нему го го кажаа истото. Тој го видел, ми ги опишува неговите мали ноздри кои се спуштаат горе-долу. Гледам дека и тој е преплашен. Не можеме да се радуваме. Се уште не. Тој си заминува. Јас останувам во шок-соба, со двете мои цимерки. Мојот кревет е во аголот, малку одвоен од останатите. Нон-стоп плачам. Тивко. Грлото ме гребе од цевките за анестезија, а носот ми се затнал од плачење, па на моменти буквално не можам да дишам. Си велам себеси дека морам да се смирам. Повремено ми успева, но солзите повторно се враќаат.

Те молам – биде добро, мал мој ангелу. Во болницата се уште немаше име и ми се чини дека беше единствен. На една цимерка и го носат бебето да го види, а мојот ангел се уште го нема. Времето минува бавно...

Ги бројам капките на туѓата крв која низ цевките влегува во моите вени. Мојот кревет е завртен кон вратата во шок-собата, така што го гледам секој кој ќе влезе и излезе... Влегуваат-излегуваат бели, зелени, тегет мантили...Исчекувам...Ништо...

Полекува се навлекува и ноќта над Ѕвездара, а јас губам секаква надеж дека тој ден ќе го видам... И баш тогаш влегува сестрата и носи три бебиња, наредени едно над друго. Првото е со кафена косичка, го препознавам малиот Вељко на Маја, бидејќи еднаш го донесоа. Другото малечко е црномањесто, не би рекла дека е мое и навистина – тоа е Деспот на Јеца. Конечно моето бело бебенце доаѓа до мене, ми го ставаат на градите и во тој прв момент ми поминуваат безброј мисли низ главата. Го гледам чудото мое. Мојот живот. Моето се! Прекрасен е. Заспал и не ги отвора очите, го бакнувам нежно од страв да не го повредам. Сестрата ми вели да побрзам, а не се ни запознавме . Тој и јас. Мојот живот. Моето се. Биди ми добро, заспанко мој...Го носат...

Потоа доаѓаат разни доктори и сестри, повторно ми раскажуваат дека е заспан, незрел, дека се уште е на кислород, набројуваат причини, а секој нивни збор ми се закачува како нож во срцето. Само ми додаваат страв. Се прашувам зошто го прават тоа и размислувам како би било добро мојот доктор да е тука, тој би ме утешил. Но за моја жал и негова среќа, тој е на море со семејството. Редовно ми праќа пораки и прашува како сме јас и бебето. Што да му кажам? Што да им кажам на сите кои се јавуваат и ми честитаат? Немам сила да им кажам како ми е навистина. Како се чувствувам знаеме само маж ми и јас. Огромна среќа и облак од страв над неа.

Солзите течат додека го пишувам ова, кое го потиснав во некое забаталено ќоше од мојата глава. Можеби е така подобро. Можеби заради тоа ми требаше толку време за да ја напишам својата приказна. Можеби не сакав да се вратам во деновите на грижа за моето момче. Но еден ден, на мојот син ќе му раскажувам една друга приказна, таа од пред породувањето. Приказна за големината на мојата желба. Приказна која е посебна...

Тој е сега едно убаво и здраво момче кое расте, цица, често се буди ноќе и понекогаш плаче. А наутро кога ќе ме погледне, ќе ја развлече насмевката, ќе ги покаже своите две запчиња и ќе ме потсети дека сум жива. Ќе ме потсети да му се заблагодарам на Бога за секое дочекано утро со тие мали две (за сега) запчиња.

 

 

Рингераја.мк му посакува среќно детство на јунакот на Dunja RR! 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нарди: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
5
Можна причина за чести спонтани абортуси
Синдром на Хјуз - Што претставува?
4
AnnaMolly: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Дали породувањето мора да боли?
Дали можеме да успееме? Дали докторот ќе користи средства против болки по наша желба? Што ќе направам кога болките ќе ст...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?