Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
За да го дознаете тоа, ќе мора малку да истражувате. Некои родители кои се сомневаат дека нешто не е во ред користат дури и скриени камери и други облици на надзор, за да откријат што се случува. Меѓутоа и без овие екстремни мерки, можно е да се дознае дали нешто не е во ред, ако го набљудувате однесувањето на дадилката и детето.
Доколку забележите некои од следните знаци, тоа може да биде сигнал дека нешто не е во ред:
- Вашето бебе не се радува кога ќе ја види дадилката
Секако дека дадилката не може да ги замени мама и тато, но секое дете треба да и верува на својата дадилка и да ја сака. Можеби се работи само за тоа дека дадилката и бебето не успеале да се поврзат, или дадилката едноставно не му ја дава топлиината која му е потребна на Вашето дете. Како и во секој друг човечки однос, така и во овој случај, емотивната поврзаност е многу важна, ако не и најважна.
- Вашата дадилка не зборува за тоа како го поминале денот со детето
Како го поминуваат времето Вашето бебе и дадилката, не би требало да биде тајна. Секоја мајка кога ќе дојде дома, сака да знае што се случувало додека била отсутна. Доколку бебиситерката нема желба да разговара на таа тема, тогаш не сака да воспостави добра комуникација со Вас, или нешто крие.
- На Вашето бебе му се случуваат незгоди кои едноставно се избегнуваат
Дадилката мора да има постојан надзор над детето и мора да знае што прави детето во секое време, за да спречи повреди. Ако повредите и незгодите се случуваат често, тогаш над бебето нема правилен надзор.
- Дадилката не ги следи Вашите упатства
Родителите и дадилката ја делат грижата за детето. Меѓутоа дадилката не смее да се однесува како подобро да знае од Вас што му треба на Вашето дете.
- Вашата дадилка често доцни
Дадилката која често доцни покажува незаинтересираност. Ако доцни на почетокот на работното време, може да доцни и во задоволувањето на потребите на детето (пресоблекување, хранење, спиење)...Во тој случај побарајте дадилка која се залага за својата работа и која има обзири за Вашите потреби.
- Детето е често неуредно и валкано
Ако дадилката не може да води грижа за основните работи, како што е хигиената на детето, тоа може да биде знак дека не е подготвена да ја работи оваа одговорна работа и дека не може да ги задоволи потребите на детето.
- Забележувате ситни лаги
Никогаш не толерирајте лаги и измами. Во дадилката мора да имате полна доверба. Ако имате чувство дека не е искрена, или ако забележите дека од куќата Ви снемува работи, побарајте друга дадилка.
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...