Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Купувајте овошје и зеленчук со неправилна форма, па дури и со неубав изглед. Гледајте овошјето да биде со различна големина, боја и облик. Ништо нема да биде ако овошјето е малку удрено и покажува знаци дека е живо, односно на некои места расипано. На рафтовите каде има такво овошје и зеленчук, има голема шанса да не е ГМО.

Купувајте овошје и зеленчук од луѓето од село, кои сами одгледуваат, но од проверени извори. И во селата се сее ГМО, но земјоделците за тоа не знаат и се храни стоката со ГМО, најчесто со пченка. Месото на таквите животни во принцип треба да изгледа исто како нормално, но сепак обрнете внимание на џигерот – ако ви изгледа болно, подобро откажете се од купување месо, бидејќи тие животни биле хранети со ГМО сточна храна. Болното месо е бледо, сиво, жолто, а здравото е црвено и розово. Не обрнувајте внимание на убавата амбалажа. Профитот од продажбата на ГМО храна му дозволува на производителите на потрошат пари на убава амбалажа.

Информирајте се за земјите кои произведуваат ГМО. Следете ги вестите за земјите кои забрануваат увоз на ГМО како што се Франција, Унгарија. Така до некаде ќе бидете сигурни дека производот не е ГМО. исто важи и за земјите кои се најголеми производители на ГМО храна – САД, Аргентина, Бразил, Кина и Индија произведуваат ГМ памук.
ГМО храната е најефтина, а здравата храна по правило е многу скапа, што често ја прави недостапна на сиромашниот дел од населението. Старо правило кое го чува здравјето е исхрана со сезонско овошје и зеленчук. Ако во продавниците видите овошје на кое не ме е време, тоа најчесто е увезено и произведено во оранжерии, со помош на пестициди и ѓубрива.
92% од сојата во цел свет е ГМО. Мали се шансите да ги најдете тие 8% кои не се ГМО.
6
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...