|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да го разберете "говорот" на солзите?

Редакција Рингераја, 2.7.2014
За секој родител е тешко кога детето плаче, а тој не може да разбере што е проблемот. Ви претставуваме неколку примери од секојдневниот живот и практични решенија како да се справите со солзите на бебето. Зар со нив тоа не сака да ни каже нешто?
Клучни зборови:

image
/11


 

На самиот почеток на човечкиот живот плачот е единственото средство на бебето да се изрази. Преку плачот детето не информира за својата моментална физичка или психичка состојба, па не треба да размислуваме за плачот како за нешто досадно што буди кај нас само тензија и вознемиреност. Тоа е природна реакција на детето, бидејќи  до првата година децата не можат да ги вербализираат чувствата. Со тек на времето интензитетот, ситуациите и траењето на плачењето се намалуваат и постепено плачот се заменува со зборови. Родителот треба да стане добар познавач и преведувач на детските сигнали кои бебето му ги испраќа.

Секоја мајка учи да го разликува плачот на бебето - заради глад, болка, замор или ако на бебето му е претопло. Сепак, најтешко е да се разберат "безпричинските" бебешки солзи. Кај овие случаи обично родителите велат: "Господе, што му е сега? Пак плаче! Е, сега навистина нема причина и претерува! ". За да распознаете некои од најкарактеристичните видови плач и да реагирате најактивно во такви ситуации, треба да запомните дека бебињата никогаш не плачат без причина. Погледнете зошто...


Не ми се допаѓа тука!

Ситуација

 
Бебето е погодно лоцирано во количката и го набљудува светот наоколу. Одеднаш почнува да плаче. Не е гладно, бидејќи пред малку јадеше. Не е изморено, бидејќи спиеше добро ... Веројатно е мокро? Не е, затоа што веќе сте ја смениле пелената. Причината не е и во температурата. Тогаш што може да е?

Решение

Најверојатно не му се допаѓа местото каде се наоѓа, или се чувствува непријатно во позицијата во која лежи. Прво, променете ја положбата на телото. Ако ова не помогне, пренесете го бебето во друга соба, на пример во кујната, каде што може да ја следи мама додека приготва храна.

Објаснување

Мускулатурата на бебето, помало од 6 месеци, не е целосно развиена. Затоа му е тешко да се смести удобно. Ако положбата на телото е соодветна, можеби му досадило да гледа во иста насока. Затоа е потребно навремено да му помогнете.


Не сакам да се возам во количката!

Ситуација

Ја туркате детската количка во паркот. Бебето е мирно. Ги гледа луѓето и изгледа задоволно. Одеднаш се подига, обидувајќи се да излезе. Сето ова е придружено со гневен плач.

Решение

Извадете го бебето од количката и пуштете го да ја турка. Следете го неговиот ритам на одење. Придржувајте го за јаката или за ракавот.

Објаснување

Ова обично се случува во периодот на проодување. Бебето се уште не може да оди само, но сака да оди, ако некој го придржува. Кога ќе го поставите во количката и ќе го запетлате со сигурносниот појас, тоа се чувствува притиснато и почнува да протестира. И вие би постапиле така, нели?


Извадете ме од кадичката!

Ситуација

Капењето треба да е пријатно за бебето. Но ако тоа плаче секој пат кога ќе го ставите во кадичката, тоа треба да ви алармира на нешто ...

Решение

Пред да го ставите бебето во водата, масирајте му ги рацете и градниот кош, за да се опушти. Задолжително проверете ја температурата на водата. Нека бебето се навикнува на неа постепено. Постојано држете го за грбот, за да се чувствува сигурно ...

Објаснување

Кај некои бебиња т.н. Моро рефлекс се задржува подолго отколку кај другите. Кога ги поставувате во водата, тие се фрустрираат, како да го изгубиле тлото под нозете. Затоа е многу важно цело време да го држиме грбот на бебето.


Не сакам тато да ме храни

Ситуација

Мама излегла, оставајќи го тато да го нахрани бебето со млеко. Штом грижливиот татко ја послужил вкусната храна, бебето ја трга главата настрана и ја пушта во погон "сирената". Таткото, се разбира, е во целосна паника.

Решение

Обично ова се случува со татковците кои не ги набљудуваат мајките, додека ги хранат бебињата. Затоа, почитувани татковци, ако не сакате да западнете во слична ситуација, замолете ја партнерката да ви покаже како се држи бебето за време на оброк. Важно е двајцата родители да ги знаат навиките на детето.


Сакам "во раце"!

Ситуација

Бебето е навикнато постојано да ви биде во раце. Ова се случува и додека се шетате или готвите. Не можете да го ставите во креветчето дури и кога ја чистите собата. И ако се обидете да го оставите, ќе следи само едно - ќе плаче до изнемоштеност. Оваа ситуација е особено распространета...

Како да се справите со проблемот

Тука помага само еден рецепт. Потребно е постепено да го превоспитате вашето дете. Кога плаче, наместо во креветчето, ставете го во вашиот кревет, но и вие легнете до него. Поентата е да го пренасочите вниманието од неговата желба да го држите постојано во раце.

Објаснување

Не е виновно бебето што не сака да се одвои од својата мајка. Нели вие сте го научиле така, без да му покажете друга можност. Досега секој пат кога заплакало мама го земала во раце.

 

Кога повеќе не можете да го поднесете овој плач ...

Кога сте ги презеле сите познати методи за смирување на бебето, но тие се покажале залудни, обидете се со ова: ставете го бебето во креветчето погрижете се за неговата безбедност, а потоа едноставно напуштете ја собата. Тогаш веројатно бебето ќе  плаче уште повеќе. Почекајте малку и потоа вратете се во собата. Кога ќе ве види, од радост ќе престане да плаче. Тогаш земете го во раце и погалете го нежно. Звучи сурово, но е ефикасно!

Во првите неколку месеци е од суштинско значење мајката да реагира што е можно побрзо на плачот на бебето, бидејќи со тоа го учи дека неговиот "глас" се слуша и е важен во нејзиниот свет. Во тоа време бебето се чувствува себеси како дел од мајката. По петмесечна возраст бебињата треба да почнат да развиваат вештини за самостојно смирување.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Компот – идеална замена за чај
Компотот претставува традиционален источно-европски безалкохолен чист џус, приготвен од овошје ставено во голема количин...
4
Лоша навика кај децата – цицање прсти
Цицањето прсти или цицањето на палецот е една од најчестите лоши навики за време на детството. Кои се причините и како д...
4
Спирулина
Мали количества на екстрактот од спирулина ја намалуваат вирусната репликација, додека големи концентрации целосно ја за...
4
Шакира со 3-месечното бебе на мечот на Бар...
Со долг бакнеж за добра среќа и со двете деца облечени во дресот на нивниот татко, Шакира му посака среќа на својот парт...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?