|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Специјална грижа за наследникот

Редакција Рингераја, 20.7.2010
Кога станува збор за грижата за пенисот на момченцата, во многу случаи мајките не знаат како да се справат со предизвикот. Дали да чистат и под кожичката (препуциумот) ? Овде ќе направиме обид да одговориме на неколку прашања.
Клучни зборови:

image
/11


Каква грижа е неопходна за пенисот на момченцето?

Измијте го, како и другите делови од телото, со вода и од време на време (особено по капење) намачкајте го со крем. Опасноста од воспаление на кожата се зголемува при долготрајно носење на полна пелена и при капење со хлорирана вода. Особено многу внимавајте ако момчето е склоно кон воспаленија на кожата. Не само пријатни туку и корисни можат да бидат следните грижи: почесто менување еднократна пелена, неколку минути без пелени, капење во седечка состојба во топла водичка, а ако одите со момчето на пливање нанесете тенок слој крем по неговото тело за заштита на кожата.

Чистење под кожичката на пенисот

За таа манипулација ќе треба да го отворите пенисот на детето. Уролозите и педијатрите категорично тврдат дека во првите три години ова не треба да се применува. Причина за тоа е што кожата на пенисот е слепена со глансот (главичката). Ако се обидете да ја извадите главичката, може да предизвикате пукање на кожата и мали ранички кои при зараснување оставаат лузни и дополнително ја стеснуваат кожичката.

Како да се одлепи кожата од глансот?

Тоа подобро оставете го на вашето дете. Момчињата на оваа возраст многу често си играат со половиот орган и со тоа придонесуваат за природно растегнување и одлепување на кожичката. Ако сметате дека детето е доволно зрело објаснете му дека некогаш главичката ќе може да ја види целосно. Така ќе го поштедите од подоцнежните болки и ќе му го разбудите интересот. Во никој случај не го принудувајте!

Од каде се појавува бела супстанција под кожата

Тоа се нарекува смегма и се состои од излупени мускулни клетки, секрет и бактерии. Создавањето на поголеми количини смегма се следи дури по одделувањето на кожичката од глансот. Од тој момент пенисот на детето секојдневно треба да се мие, а кожичката да се извлекува надолу. Во спротивно може да се добие воспаление.

Фимоза – што е тоа?

Стеснувањето на крајниот дел од кожичката (препуциумот) се нарекува фимоза.

Познати се три форми на фимоза:

-          нормална, вродена фимоза, која лекарите дури избегнуваат да ја нарекуваат така – кожичката е стеснета, но тоа не му смета на детето.

-          вродена фимоза како болест, во која кожичката е толку тесна што не може да се извлече надолу дури и по одлепувањето од главичката.

-          фимоза, како заболување кое се појавува при воспаленија на кожата, или при избрзаното механичко одлепување на кожичката. Оваа форма на фимоза може да е последица на обрежување кое е извршено делумно.

Кои се одликите на фимозата

Во следните ситуации може да претпоставите постоење на фимоза:

-          Урината капе, а не тече во млаз

-          Уринирањето е болно

-          Кожичката се надувува кога детето уринира

-          Детето не успева до четвртата година да ја извлече главичката на пенисот

 

Посетете го вашиот педијатар или уролог доколку ги имате овие проблеми!

 

Како да му помогнете на детето

Фимозата не исчезнува сама од себе со растењето, потребна е надворешна интервенција. Ако фимозата е болна, интервенцијата е задолжителна што поскоро. Во спротивно може да се почека уште неколку години, но најдоцна пред почетокот на пубертетот, фимозата треба да е излечена. Во пубертетот се зголемува бројот на спонтани ерекции (особено навечер) кои при утврдена фимоза се многу болни. Покрај тоа стеснетата кожичка се повредува од такви ерекции.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
4
Научете го детето да заспие само
Овој план се базира на методот кој го развил Др. Ричард Фербер во својот центар за нарушувања во спиењето, во Детската б...
4
Добра хигиена, добро здравје за Вашето бебе
Стерилизирањето на шишињата, цуцлите и останатиот прибор за хранење на Вашето бебе е неопходно и задолжително особено во...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?