|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Идентични близначки се породија во ист ден!

Редакција Рингераја, 19.9.2018
Идентични близначки, кои забремениле во ист период, ги родија своите бебиња во истата болница, со истиот доктор, само три часа една по друга. Нивните фотосесии од бременоста и по породувањето ја доловуваат нивната специјална врска

image
/11


 

Џејлин Крафорд и Џанел Леополдо отсекогаш биле премногу приврзани и сонувале да основаат семејства заедно, да бидат бремени во исто време и нивните деца да бидат поврзани како нив.

Во текст за „Love What Matters“ Џејлин ја раскажала својата животна приказна:

Не можете да разберете како е да се биде близнак освен ако не сте и вие самите. Поврзаноста е толку силна што едниот може да почувствува што чувствува другиот и обратно. Бевме неразделни додека растевме. Секој ден се облекувавме исто, имавме иста кола и телефон, исти пријатели... Бевме како лепенки. Учителите им препорачуваа на нашите родители да нè разделат во различни одделенија, а ние ќе плачевме само на помислата да бидеме далеку една од друга. Нашата мајка немаше срце да ја наруши врската меѓу нас и благодарни сме што нè остави во ист клас.

Во средно, напишав есеј за тоа како еден ден ќе живееме блиску една со друга, а нашите куќи ќе бидат поврзани со мост, дека ќе се омажиме за близнаци (што не се случи), дека ќе имаме бебиња заедно и заедно ќе ги шириме нашите семејства. Отсекогаш посакувавме нашите деца да бидат поврзани на сличен начин како нашиот.

 

1

 

Јас се омажив во 2011 година и веднаш забременив. Сестра ми се омажи по година и пол, но одлучи да почека една година пред да забремени. Кратко по раѓањето на мојата втора ќерка Џејдин, Џанел дозна дека е бремена со нејзиниот прв син Џерик. Чудно е што две недели подоцна јас дознав дека сум бремена со моето трето дете.

По раѓањето на првиот син, Џанел се соочила со секундарна неплодност. По неколкумесечни обиди да забремени, нејзе и бил дијагностициран синдром на полицистични јајници. Иако забременила по два месеци, нејзината бременост била ектопична поради што го изгубила едниот јајцевод.

 

2

 

Докторите и препорачале на Џанел да се обиде со ин витро оплодување.

Во тој тежок период, нашата врска уште повеќе се зацврсти. Се потпревме една на друга и секојдневно се молевме.

По неколку месеци, нашите молитви беа слушнати и тајмингот беше одличен. Дознав дека сум бремена со моето четврто дете. Истовремено бев возбудена и нервозна поради тоа што требаше да и ја соопштам веста на сестра ми, која имаше проблеми со забременувањето. Четири дена подоцна, таа ми се јави и ми кажа дека е бремена и пролеавме солзи-радосници! Тој момент беше многу специјален за нас. Не само што бевме бремени заедно, туку бевме во ист гестациски период. Беше подобро одошто замислувавме. Од тој момент, јас се шегував дека можеби ќе ги родиме заедно нашите бебиња.

Како што наближуваше крајот на нашата бременост, нашите соништа да ги родиме нашите синови на ист ден, стануваа сè пореални.

 

3

 

4

 

5

 

4

 

5

 

7

 

Бидејќи и двете сестри претходно се имаа породено со царски рез, докторите им препорачале да ги родат своите бебиња со царски рез. Тие родија здрави бебиња во 39. недела од бременоста.

Ги родивме нашите бебиња на ист ден, во иста болница, на двете ни беше направен царски рез од истиот доктор, во период од три часа. 28 јуни 2018 година засекогаш ќе биде специјален ден за нас кога ќе ги славиме родендените на нашите синови.

Со нетрпение чекаме нашите синови да пораснат заедно и се надеваме дека ќе имаат врска како нашата. Шесте деца во нашите две фамилии веќе се многу блиски. Секојпат кога се разделуваме, тие прашуваат кога ќе се видат следно. Благословени сме! Семејството е број еден во нашите домови. Целото ова искуство беше магично и остварување на нашите соништа!

 

6

Детето се учи додека е мало
Родителите треба уште од мало да го упатуваат детето како треба да се однесува, бидејќи само така убавото однесување ќе ...
13
Рекордери во пелени
Занимавањето со спорт на најмала возраст треба да му дава на детето задоволство и можност за развивање на телесните и ум...
10
Првите фотографии на Тамара Тодевска со синот
Првите фотографии од Тамара Тодевска со новороденото синче, сопругот и ќеркичката
9
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
5


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

ime za moeto bebence?
julimarti

ve molam pomognete mi vo izborot...

denisa (8%)

tereza (15%)

simona (43%)

monika (29%)


Број на сите гласови: 234

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!