|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Грижа и нега од првото запче

Редакција Рингераја, 24.3.2011
Зачетоците на млечните заби се формираат во текот на вториот месец од бременоста. Првото запче треба да се очекува околу шестиот месец, но не треба да се паничи ако бебето наполнило осум месеци, а нема прво запче

image
/11


 

 

Ако Вашето бебе е нервозно и плаче, ги става прстите во уста, гризе се што ќе фати и притоа обилно му се лачи плунка, тогаш треба да внимавате, можно е да се јавува првото запче. Зачетоците на млечните заби се формираат во текот на вториот месец од бременоста. Првото запче треба да се очекува околу шестиот месец, но не треба да се паничи ако бебето наполнило осум месеци, а  нема  прво запче.

 

Не штедете го бебето од џвакање

 

Доколку бебето е родено предвреме, не напредува во телесната тежина, нормално е запчињата да никнуваат подоцна. Ако ова не важи за Вашето бебе, тогаш треба да се распрашате  кај  своите и кај родителите на Вашиот сопруг како никнувале Вашите заби.

Веројатно Вашите заби малку доцнеле во својот развој. Постојат и случаи кога бебето може да се роди и со заби. Тогаш, најверојатно, се работи за генетска предиспозиција или некое ендокринолошко  заболување. Посоветувајте со стоматолог во тој случај. Никнувањето на забите е нормален и природен процес. Тие никнуваат без да предизвикаат оштетување на слузницата. На местото на избивање на запчето се забележува бледило како резултат на притисокот што го врши забот врз ткивото. При никнувањето бебето чувствува јадеж, што е последица од притисокот на нервните завршетоци во тој предел. За да се ублажи тој јадеж, бебето става во уста се и го чеша тоа место. Денес  на пазарот постојат посебни гелови и течности наменети  токму за смирување на овие тегоби. Тие се изработени врз база на  билна основа и во себе содржат анестетик кој ја ублажува болката и го смирува јадежот. Исто така, на своето бебе можете да му купите гумен прстен исполнет со вода или лажен  сладолед  кој се оладува претходно во фрижидер. Основната функција на овие мали помагала  е да се задоволи потребата на бебето да грицка нешто и да ги трие непцата.

 Особено е важно да не го  штедите детето  во  џвакање давајќи му само  кашички. Напротив! Џвакањето   ги јакне непцата, го снабдува со крв  забното место, го поттикнува никнувањето на запчињата и  ги  јакне  веќе изникнатите  запчиња.

 

Температурата не е поврзана со никнувањето заби

 

Никако не смеете да мислите дека млечните заби еден ден ќе се сменат со трајни и затоа да ја занемарите нивната хигиена, напротив, негата на млечните заби е многу важна.

Млечните заби го трасираат правилниот пат на трајните заби и затоа со негата треба да почнеме од моментот на никнувањето на забот. Штотуку никнатите запчиња треба да ги чистиме по секо ј оброк. Можете да купите специјални четки за првите заби или, едноставно, стапчето намотано со памук натопете го со физиолошки раствор и исчистете ги запчињата.

Појавата на зголемена температура неоправдано се поврзува  со процесот на никнување. Таа се јавува како резултат на инфекција бидејќи детето става разни предмети во устата, а овој период се поклопува и со периодот на проодување.

 

 

Хронологија на растот

 

Вашето бебе ќе има 20 млечни заби, по 10 во секоја вилица. Кога детето ќе наполни две-три години, треба да ги има сите заби во устата.

Временскиот редослед на никнување е следниот:

      Помеѓу 6 и 8 месец никнуваат првите централни инцизиви,

      Помеѓу 8 и 10 месец никнуваат вторите латерални инцизиви,

      Помеѓу 12 и 16 месец никнуваат првите млечни молари,

      Помеѓу 16 и 20 месец никнуваат канините,

      Помеѓу 20 и 30 месец никнуваат млечните молари

 

Нивното губење е очекувано помеѓу шестата до 13 та година.

 

По 12 година е способно само да се грижи

 

Сосема е доволно забите да се мијат  два пати дневно (наутро и навечер пред спиење) под услов тоа да е правилно. Четкичката за заби треба да биде изработена  од пластични влакна, а пастата мора да содржи флуор. Многу е битно да не ја наводниме четката пред миењето на забите.

Пастата секогаш се нанесува на сува четка бидејќи со нејзиното навлажнување ја губиме цврстината на влакната, а тоа влијае врз квалитетот на миењето на забите.

Со четката четкаме од непцата кон врвот на забите. Горните заби ги миеме од горе кон долу, а долните обратно. При секое миење овие движења мораме најмалку шест пати да ги повториме или целото миење на забите да трае од две до пет минути. Бидејќи површините помеѓу забите тешко се мијат, мораме да користиме забен конец. Бидејќи децата потешко се снаоѓаат сами, родителите се тие кои треба да им помагаат и да ги научат правилно да си ги мијат забите. Се смета дека секое дете е спремно самостојно да си  ги мие забите без надзор од родителите околу 12-та година .

 

Помалку шеќери, повеќе флуор

 

Треба да се намали внесувањето шеќери во организмот, односно најважно е да се избегнуваат грицките бидејќи на тој начин на бактериите, кои се во устата, им правиме постојан дотур на храна. Тие се размножуваат и можат да предизвикаат кариес.

Повеќето од родителите на своите деца  пред спиење им даваат млеко или сок од шишенце со цуцла. На тој начин придонесуваат да се зголеми ризикот од појава на кариес, кој се вика циркуларен кариес. Затоа, штом пред спиење ќе се измијат забите, веќе не смееме ништо да ставаме во уста.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Црвенило на газето
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети брзо ќе го совладате црвенилото на бебешкото газе.
3
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3
Напредување на исклучиво доено бебе
Ако сте загрижени дали вашето бебе добива доволно млеко со доење, најпрво прочитајте го овој текст. Добивањето на тежина...
3
Зимско мени за децата
Ниските температури го принудуваат детскиот организам да работи со двојно повеќе енергија, за да се компензираат енергет...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?