Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кашичка од тиквичка и морков со пченкарен гриз и пилешко месо
Количина за едно дете, за еден оброк
- 50 гр. тиквичка
- 30 гр. морков
- 2 лажици пченкарен гриз
- 50 гр. пилешко месо
- путер или маслиново масло
Пилешкото месо сварете го. Морковот исчистете го и изрендајте го. Тиквичката измијте ја, излупете ја , исчистете ја од семките и исечете ја на коцки. Кога пилешкото месо ќе биде до пола сварено додадете го морковот и тиквичката. Пред крај истурете го вишокот вода, додадете маснотија и додадете го гризот. Гответе уште десет минути. На крај иситнете го пилешкото месо, или се' комплетно изблендирајте.
Кашичка од блитва со компир и мисиркино месо
Количина за едно дете, за еден оброк
- 100 гр. блитва
- 40 гр. компири
- 50 гр. мисиркино месо
- 1 лажица оризови снегулки
- 1 лажица маслиново масло/путер
Блитвата исчистете ја и измијте ја. сварете го мисиркиното месо/ Компирот излупете го, измијте го, исечете го на коцки и сварете го. Кога ќе биде до пола сварен ставете ја блитвата. Исцедете го, испасирајте го, додајте на маснотија, оризови снегулки и сечено пилешко месо.
Кашичка од келераба, брокула и морков со пилешко месо
Количина за едно дете, за еден оброк
- 50 гр. келераба
- 30 гр. брокула
- 30 гр. морков
- 50 гр. бело пилешко месо
- 1 лажица оризови снегулки
- 1 лажица маслиново масло/путер
Ставете го пилешкото месо да се вари. Келерабата излупере ја, измијте ја и исечкајте ја на коцки. Ставете ја во истиот сад кога месото ќе биде до пола варено. Брокулата измијте ја и разделете ја на ситни цветчиња. Мокровот исчистете го, измијте го и изрендајте го па ставете го заедно со брокулата да се вари. Кога се' ќе биде варено, додадете оризови снегулки за да се згусне. Смесата изблендирајте ја доколку детето не може да ги јаде парчињата месо.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?