|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Кашичка од келераба со пченкарни снегулки и мисиркино месо

Количина за едно дете, за еден оброк

 

- 50 гр. келераба

- 20 гр. морков

- 30 гр. компир

- 50 гр. мисиркино месо

- 1 лажица пченкарни снегулки

- 1 лажиче путер

Мисиркиното месо сварете го. Келерабата, компирот и морковот излупете ги, измијте ги, изрендајте ги на ситната страна од рендето и ставете ги малку да се пропржат на врел путер. Ставете вода во садот и варете додека зеленчукот не омекне. Истурете го вишокот вода, додадете пченкарни снегулки и парчиња варено мисиркино месо. Ако детето не може да голта месо во парчиња оваа смеса изблендирајте ја.

 

 

Кашичка од брокула, тиквички и моркови со мисиркино месо

Количина за едно дете, за еден оброк

- 50 гр. брокула

- 50 гр. тиквички

- 30 гр. моркови

- 50 гр. мисиркино месо

- 1 лажиче путер

Мисиркиното месо сватере го. Морковот исчистере го, измијте го и изрендајте го. Тиквичката излупете ја, исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Брокулата издвојте ја на мали цветчиња. Ставете ја брокулата да се вари. Кога ќе биде до пола варена ставете го и останатиот зеленчук да се вари. Сварениот зеленук ставете го во блендер, заедно со свареното мисиркино месо.

 

 

Кашичка од карфиол и тиквичка со компир и пилешко месо

Количина за едно дете, за еден оброк

- 40 гр. карфиол

- 60 гр. тиквичка

- 40 гр. компир

- 50 гр. бело пилешко месо

- 1 лажичка путер

Пилешкото месо сварете го. Компирот излупете го, измијте го и исечете го на коцки. карфиолот разделете го на помали цветови. Исечениот зеленчук додадете го во видата кога месото ќе биде на половина варено. Сетпо заедно варете го додека не омекне. Последни додадете ги тиквичките. Додадете путер. Пред хранење варивото иситнете го или изблендирајте го.

 

 

 Добар апетит!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Препорачани положби за доење на бебето
Доењето претставува стекнување нова вештина и за мајката и за новороденото дете; за успешно доење потребно е трпение и в...
5
Поддршка за мајките кои хранат со млечна ф...
Мајките кои избрале да го хранат своето бебе со млечна формула често се осамени на својот пат, пат полн со вина, без раз...
4
Телото по породувањето не е исто. Еве што ...
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хормонални промени. Потребно е време организмот посте...
3
Доење на новороденче
Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасен начин да го нахраните вашето бебе. Но исто така ...
3




Анкета

Соби за игри.
пеперутка16

Колку често ги носите вашите деца во игротеки?

(Неколку пати) неделно. (0%)

(Неколку пати) месечно. (0%)

(Неколку пати) годишно. (0%)

Таа е сè уште премногу мала за игрални. (0%)

Имаме игрална дома, надвор, во шумата итн. (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!