|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Фото: Мајка храбро го покажа збрчканиот стомак

Редакција Рингераја, 17.1.2017
Мајка сподели фотографија од својот збрчкан стомак по раѓањето на двете синчиња, гордо покажувајќи ги стриите предизвикани од нејзините бремености. Сето тоа со една цел – да пренесе охрабрувачка порака до новите мајки
Клучни зборови:

image
/11


 

Инспиративна мајка сподели фотографија од својот збрчкан стомак по раѓањето на двете синчиња, гордо покажувајќи ги стриите предизвикани од нејзините бремености. Сето тоа со една цел – да пренесе охрабрувачка порака до новите мајки.

На фотографијата, Александра Килмари позира со своето петмесечно синче.

Александра со синчето

Во описот на фотографијата, таа признава дека ? било тешко да го прифати своето тело по двете породувања, но дека сега конечно се чувствува убаво во своја кожа. Смелата жена од Флорида се обидува да ги утеши мајките кои страдаат од постпородилна депресија и кои се тажни секојпат кога ќе си го погледнат надвиснатиот стомак и да им покаже дека сè ќе помине и тие повторно ќе се чувствуваат прекрасно во своите тела.

Прочитајте ја нејзината порака:

„Знам дека многумина до вас веројатно си помислуваат „Зошто би ја објавила оваа фотографија“, но мене ми требаа 18 месеци за да стигнам тука, 18 месеци за да не заплачам кога ќе се погледнам во огледало, 18 месеци за конечно да се почувствувам убаво во својата кожа. Никој не те предупредува за темните страни од мајчинството и бременоста. Никој не ти кажува колку многу ќе се промениш физички и ментално откако ќе станеш мајка. Беше долго и тешко постпородилно патување за мене. 18 месеци по мојот прв син и 5 месеци по мојот втор син конечно чувствувам дека можам да ја видам светлината и искрено се чувствувам прекрасно.

На здравје за вас мајки кои се борите со постпородилна депресија и сè уште се исправувате секој ден за своите деца! На здравје за сите вие мајки кои сè уште плачете за стриите на вашата кожа од раѓањето на вашите совршени бебиња. На здравје за мајчинството и на здравје за знаењето дека сето ова ќе помине и нештата ќе бидат подобри.“

Со својот искрен пост, таа привлече стотици позитивни коментари.

„Ти си силна, убава, инспиративна и супер мајка“, „Гледајќи во оваа фотографија сè што гледам е убаво бебенце и неговата прекрасна мајка, која носи несебични одлуки и се жртвува за своите деца секој ден“, „Гордеј се со твоите тигрести шари Мајко. Ти израсна 2 личности. Колку си неверојатна“, „Ти си одлична. Ти си убава. Ти си херој. Ти си мајка“, „Јас не сум мајка, но тоа што можам да го кажам е дека нема за што да се срамиш. Раѓањето на бебе е дар и чудо. Нашите тела се направени за ова и тоа докажува колку силна и убава жена си ти. Имаш прекрасно тело. Стриите не се ништо“ – се дел од комплиментите кои ги доби Александра на својот пост.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нежно лекување и хигиена на носот
Благодарение на солите кои се содржат во Нисита, во носот се создава и одржува влажна средина што доведува до брза реген...
4
Митови и факти за бебешката храна - 3 дел
Како нова мајка, Вие сте затрупана од сите страни со совети за тоа како и со што да го храните Вашето бебе. Додека некои...
3
Како да препознаете лоша дадилка?
Не е секогаш лесно да се знае дали дадилката ја работи својата работа онака како што Вие би сакале и како што е најдобро...
3
Идентитетот на бебето започнува со игра и ...
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради уште од првите месеци од животот.
3




Анкета

Одвикнување од пелени.
пеперутка16

Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?