Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Термин, 3 октомври 2020. Помина 1ви, 2ри, дојде и 3ти бебето ни малку нема план да се роди. Помина и 4ти, и на крај дојде 5 октомври 2020, денот кога моето срце се зголеми за три величини повеќе, денот кога мојата Бисера, мојот бисер дојде на свет.
Утро, 7 часот, навидум исто како и сите претходни. Ќерките будни, сопругот на работа, ред е да станеме од кревет. Станувајќи чувствувам болка, но бидејќи болката беше присутна во текот на целата бременост не обрнувам внимание, па продолжувам со обврските околу децата и нашите утрински ритуали.
Доаѓа 9:00 часот а јас забележувам дека болките се чести и се јавуваат на секои 30 минути, и секако веќе ми е јасно дека денес е денот за породување. Се јавувам на сопругот со зборовите "Доаѓај треба да одиме во болница, почнаа болките", секако можете да замислите каков стрес доживеа тој во тој момент нели, колку и да го минал сето тоа.
Доаѓа тој, доаѓа мајка ми да ги земе ќерките, а јас земам да јадам чипс, бидејќи нели мама е гладна. Знаев дека имам време и не се брзав. Во 13:30 часот веќе бевме во болница. За среќа ме примија двајца прекрасни доктори. Ме прегледа, се беше во ред, процесот на породување веќе започнал како што и очекував, но болки ни малку оние што имав. Ме подготвија и остана само да чекаме. Сопругот беше до мене, чекавме и разговаравме до 18:00 часот, кога докторите одлучија присилно да го пукнат водењакот, па веднаш потоа почнуваат оние силни, најсилни болки, во 18:10 часот ми се јавува сопругот да праша што се случува, секако се јавив разговаравме неколку минути. Во 18:20 часот го слушнав највредниот и најубавиот плач на светот, плачот на нов живот, живот кој го створивме ние двајца, нашата трета среќа. Болки, олеснување, солзи во очите, радост многу помешани чувства. После две породувања на кои ми беше извршена епизотомија, и јас а и докторката(таа ме породуваше и претходните пати) очекувавме дека повторно ќе биде потребно, но за среќа помина без тоа. Иако имав страв дека ќе биде најболно, третиот пат помина најбезболно.
Лесно изгледа нели? Но само изгледа, верувај..
Сепак, секоја болка која ја чувствував на секое породување, би ја почувствувала уште милион пати во двојна верзија, за да можам како што денес можам да се разбудам со нивните прегратки, за да го слушам тоа нивно мама по 1000 пати дневно, за да ги гледам како се смеат гласно најгласно додека играат со татко им, за да ги имам.
Да бидеш мајка не е лесно, но е најголемиот благослов кој Бог и го подарил на жената, таа да дарува живот а тој живот да ја има смислата за нејзиното постоење.
Ваша Елена,
забава Бремените
Автор: bobik
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги ...
Тонус на мускулите кај бебињата
Тонусот на мускулите е еден од првите показатели за здрав развој на бе...
Најефективни вежби за топење на мастите на стомакот
Стомакот е дел од телото од кој најчесто не сме задоволни и ја буди на...
Зошто бебињата плачат веднаш по раѓањето?
Плачот е првата „порака“ што новороденчето му ја испраќа на светот. За...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?